За пурите велат дека секоја има своја посебна приказна. Пред да ја откриете мистеријата на вашата омилена пура бидете сигурни дека знаете како на вистински начин да уживате во неа.rn
Чекор 1: Откријте го составот на пурата
rnСтрасните љубители со сигурност составот на нивната пура го знаат напамет, но оние кои сега ја откриваат убавината на смотаниот сноп од сушен и ферментиран тутун важно е да го знаат основниот состав на пурата. Секоја пура се состои од три видови на листови од тутун: обвивка, полнење и поврзување. Токму овие варијации го одредуваат вкусот на секоја пура.rnrn
rn
Чекор 2: Сечење на пурата
rnПравилното сечење на пурата е од исклучителна важност за потполно уживање. За да не направите грешка, бидете сигурни дека располагате со правилен квалитетен секач на пури и пресечете ја пурата на 3-4 милиметри од капачето.rnrn
rn
Чекор 3: Запалки за пури
rnГолемо влијание при правилното конзумирање на пурите имаат и запалките. Затоа кога за прв пат на себе ќе си подарите еден ваков подарок заедно со пурата обезбедете си и соодветна запалка. Не заборавајте дека пурите не се исто како и цигарите.rnrn
rn
Чекор 4: Научете се да уживате
rnДадете си време за уживање во пурата. Страсните љубители на пури велат дека најдобро се ужива во пурата доколку ја конзумирате бавно и го надополните целосното доживување со чаша квалитетно виски.rnrn
rn
Чекор 5: Пронајдете го најдобриот увозник на пури
rnЗа една пура да го задржи својот првичен квалитет и вкус од големо значење е начинот на нејзиното чување и местото од кое ќе ја набавите истата. Во нашата земја во строгиот центар на градот е отворена специјализирана продавница за пури и аксесоари која нуди богата палета на луксузни и ексклузивни производи. Уникатните светски брендови на пури ги застапува LGA Style & Luxury.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
