КАФЕ ПАУЗА

“The Voice” – едно поинакво талент шоу

The voice - едно поинакво талент шоу

Written by

in

Оригиналното шоу потекнува од Холандија под името „The voice of Holland” и започнува во 2010 година, а откако франшизата ја преземаат Велика Британија, САД и Австралија, станува еден од најпопуларните натпревари по пеење во светот.The voice - едно поинакво талент шоуКонцептот на шоуто е прилично различен од сè она на кое сме навикнати, особено поради уникатно смислените фази на селекција. Првата фаза е „слепа аудиција“ во која натпреварувачите пеат на сцената додека жирито составено од четири члена е свртено со грб. Секој од членовите има пред себе копче коешто го притиска кога посакува да го земе натпреварувачот во својот тим и откако го притиска, автоматски се врти кон него и за првпат визуелно го запознава новиот член на тимот. rnrnДоколку копчето го притиснат повеќе членови на жирито, на крајот самиот натпреварувач избира со кого ќе соработува. Земајќи предвид дека некои од „тренерите“ се артисти од рангот на Том Џонс, Џеси Џеј, Вил Ај Ем, Дени О’Донахју, Кристина Агилера, Адам Левин, Шакира и многу други, натпреварувачите имаат прилично тешка одлука доколку мора да изберат.rn

rn

rn

rn

rnСекој од жирито има право на 10 натпреварувачи во својот тим, што ја прави сè потешка одлуката да го притиснат копчето како што се пополнуваат местата. Реакциите се навистина интересни, а и меѓу натпреварувачите има феноменални таленти.rn

rn

rnЖирито се обврзува да го тренира својот тим на најдобар можен начин, затоа што првичната селекција е само дел од долгиот процес. Во понатамошните фази, двајца или повеќе натпреварувачи од различни тимови се борат во „битки“, а жирито повторно го бира најдобриот. Тешко беше да се изберат неколку видеа од толку многу аудиции и настапи, но се надеваме дека ќе ви се допаднат. Уживајте!rn

rn


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.