Групата Баклава и продуцентот Ѓорги Јанев, на хаус журките попознат како DJ Dzordz, неодамна направија интересен музички проект – старата и добро позната „Твојте очи Лено“ ја донесоа во ново модерно електронско издание.rnrn
„Соработката ни беше одлична и со воодушевување ја прифативме новата идеја. Сето тоа, сега испадна како новогодишен подарок за нашите слушатели, на кои се надеваме дека ќе им се допадне“ – изјавуваат од Баклава.
rn
rnrnСтанува збор за извонредна продукција и аранжман кој прави баланс помеѓу модерното, електронското и старото, фолклорно, етнолошко музичко наследство. Песната е проследена и со видео спот во кој ве оставаме да уживате.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.