КАФЕ ПАУЗА

Еволуцијата на музиката за Бетмен низ вештите раце на „The Piano Guys“

Еволуцијата на музиката за Бетмен низ вештите раце на The Piano Guys

Written by

in

Веќе сме пишувале за „The Piano Guys“, момците кои со пијано и виолончело прават неверојатно добри преработки на светските музички хитови, а за нив прават и преубави видео спотови. Нивната најнова преработка е колаж од повеќе композиции кои биле употребени како насловни за филмовите за Бетмен. Од добро познатата заразна музика од старата ТВ серија за суперхеројот, па сè до трилогијата на Кристофер Нолан со Кристијан Бејл во главната улога, можеме да ги слушнеме сите мелодии кои досега се појавиле во овие филмови.rnrnДоста труд вложиле и во спотот: со секој преод од еден во друг саундтрак, преоѓаат и во друга ера на филмовите за Бетмен, создавајќи аудиовизуелно делo кое одговара на квалитетот на кој нè навикнале.rnrnrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.