Автор: Маја Миноскаrnrn
„Една добра работа во врска со музиката е што кога ќе ве погоди, не чувствувате болка.“ – Боб Марли
rnМногу луѓе не знаат дека музиката покрај тоа што носи радост, исто така влијае и на подобрување на здравјето, што научниците го имаат докажано преку низа истражувања.rnrn
rnrnЕве неколку причини зошто да го почнувате секој ден со музика:rn
Помага за подобар сон
rnМузиката придонесува за здраво спиење. Истражувачите открија дека класичната музика помага при инсомнија, особено кај студентите. Слушањето класична музика е поекономична опција за подобрување на нарушувањата со сонот, наместо лекарствата.rn
Го намалува стресот
rnНе е чудно што музиката влијае на намалување на стресот. Студиите покажуваат дека музиката стимулира биохемиски редуктори на стрес кои ни помагаат да се чувствуваме подобро.rn
Помага да допрете до себе
rnСо подобрување на расположението, музиката допира и до нашите емоции, покажува една студија од 2013. Учесниците ја истакнале „самосвеста“ како една од најважните предности на музиката.rn
Ја ублажува болката
rnМузиката има способност да го намали интензитетот на болката. Таа ги активира сетилните патишта и на тој начин го одзема вниманието на личноста од болката.rn
Се бори против анксиозноста
rnКога се чувствуваме анксиозни, слушањето музика ни помага против вознемиреноста и го има истиот ефект на мозокот како при масажа на телото.rnrn
rn
Дејствува како мотиватор за велосипедисти и тркачи
rnПри едно истражување спроведено од студенти се докажало дека луѓето кои возеле статички велосипеди, возеле подинамично додека слушале брза музика, споредено со оние кои не слушале никаква музика за време на експериментот. Доколку преферирате трчање, слушањето на вашите омилени песни ќе ви помогне да ги соборите личните рекорди дури и да ја зајакнете издржливоста. Накусо кажано, музиката помага да ги изведувате вежбите поефикасно и да уживате во нив.rn
Помага да се опоравите побрзо по тренингот
rnДокажано е дека телото се опоравува побрзо после напорно вежбање кога ја слушате омилената музика.rn
Се бори против тагата
rnМузиката може успешно да се спротивстави на симптомите на депресија, но жанрот е многу важен. Класичната и музиката за медитација може да го подобрат расположението кога се чувствуваме тажни, но слушањето хеви метал или техно не би помогнале многу во истерување на лошите мисли.rnrn
rn
Ја олеснува функцијата на крвните садови
rnНаучниците докажаа дека емоциите кои луѓето ги имаат додека слушаат музика придонесуваа за поздраво функционирање на крвните садови. Како што музиката прави да се чувствувате посреќно, се зголемува крвотокот во крвните садови.rn
Помага при опоравување од мозочен удар
rnЕдна финска студија открила доколку пациентите со мозочен удар слушаат музика дневно по два часа, ќе се опорават побрзо. Не само што се подобрува нивното расположение, туку и вербалните способности и вниманието.rn
Ја подобрува ефикасноста во стресни ситуации
rnДинамичната музика може да го намали стресот во одредени ситуации како на пример на при важен натпревар. Истражувачите докажаа дека слушањето динамична музика пред натпревар може да ги ослободи играчите од стрес и да ги подобри нивните перформанси.rn
Ве прави внимателни кон храната
rnСлушањето музика за време на оброците им помага на луѓето да уживаат во конзумирањето на храната. На овој начин стануваат свесни што конзумираат и навистина да ја вкусат храната, наместо да јадат набрзина што предизвикува да се чувствуваат сè уште гладни и незадоволни од оброкот.rnrn
rn
Ги подобрува когнитивните функции
rnСлушањето музика додека работите на некоја задача може да го зголеми вашиот ментален фокус и вашата ефикасност. Истражувањето покажува дека може да ги зголеми когнитивните способности на поединецот, но само ако ги има истите ефекти и врз емоционалната состојба.rn
Музиката може да доведе до стадиум сличен на медитација
rnБавната музика може да влијае на брзината на мозочните бранови, што ги прави слични со мозочните бранови на некој што е во хипнотичка или медитациска состојба. Има лековито дејство и ги олеснува симптомите на ПМС и проблемите со однесувањето.rn
Им олеснува на пациентите кои треба да се оперираат
rnЕдно истражување откри дека пациентите кои слушаат музика пред кардиоваскуларна операција, се чувствуваат помалку загрижени. Музиката го намалува стресот и после операција доколку пациентите слушаат музика додека одмараат.