Ги паметиш ли нашите прошетки по ланскиот снег? Насмевките и среќата кои тој ги пробуди во нас? Ветувањата дека ќе си останеме верни еден на друг и во топли прегратки ќе го дочекуваме секое ново зимско утро? А во твојата прегратка јас наоѓав сè, сè што ми беше потребно, топлина, заштита, неизмерна среќа…rnrnОдејќи по снегот ги остававме нашите стапки, како доказ дека сме биле тука, сме оставиле некаков белег, некаква трага, а јас секогаш се лутев што твоето ангелче во снегот беше поголемо и поубаво од моето.rnrn
rnrnГи памтиш ли снежните утра кои ги дочекувавме во топлина, се вкусно кафе и насмевки на лицата, а утрата беа толку бели, изгледаа така смирено и невино. А јас, јас бев сигурна дека што и да се случи, смиреноста ќе ја пронајдам со тебе. Колку и да беше бурно попладнето, твојот лик на крајот од денот ми носеше мир. Снегот се стопи, нашите траги во него исчезнаа, останаа само влажните улици, а без тебе тие се некако ладни и мрачни…Но не грижи се, среќата пак ќе најде пат до двајцата нас, само што нема да ја делиме истата.rnrnСега смирено на мојот прозорец го чекам првиот снег од новата зима, подготвена сум за него. И не се плашам, јас сум храбра девојка, можам и сама да чекорам по снегот, да ги оставам моите траги во него, моите стапки, и оваа година како дете да му се израдувам на снежно-белиот убавец. А новата љубов… ќе се случи, дали ќе ја донесе новиот снег, или пак, пролетното сонце, не е ни важно, важно ќе се случи, а во меѓувреме, со сета моја среќа, со сите мои насмевки и сета моја надеж, ќе уживам во белите утра, зашто се прекрасни!
Трагите во снегот
