Автор: Високо ЦrnrnДобар ден мои драги и мили соучесници!rnrnРазмислував што да ви кажам денес и да ви го разубавам денот, а притоа да не звучам претерано нападно и советодавно! :)rnrnОд тие причини, денес ќе си направам муабет. Со себе, со вас, со господинот Лаптоповски, со господинот Мачоровски кој третпат од утрово бара да јаде. Како знам дека му се јаде? Можеби затоа што гребе по вратата на фрижидерот, а можеби и затоа што скока по кутијата со крекери. Не знам, едноставно знам. Ама ако неговото задоволување со храна би значело слободно време за мене да уживам во неделното кафе, тогаш „so be it“!
Кога пред еден месец почнав да ви пишувам, со уредниците на kafepauza.mk се договоривме да бидам позитивна во коментарите и фина со читателите. Ок. Не е проблем. Можам да го ограничам мојот нагон за „мрчење“ и да го насочам кон… не знам… дупките по улиците, лошите и невнимателни возачи или кон ладново време, на пример. Уште подобро, позитивистичките и позитивните коментари многу често служат како „вентил“ и будат убави чувства.rnrnЗначи, договорено. Денес одиме позитивно. Всушност, не треба само денес. Треба секој ден, но кој да се сети!rnrnНаскоро полнам 30. И во стилот на нашите соземјани од другата половина на планетата – „30 and proud! Oh yeah!“rnrnМухамед Али еднаш кажал:rn.rn
„Возраст е она што мислите дека е. Стар сте колку што мислите дека сте.“
rnБлагодарам Мухамед, се сложувам!rnrnЕдна друга Кинеска поговорка пак вели:rn.rn
„Жената која ја кажува својата возраст e или премногу млада за да има што да изгуби, или премногу стара за да има што да добие.“
rnХм. Е сега сум збунета. Каде е тука средината? Срцевината на годините? Најмекото од лебот, највкусното од Cherry бонбоните, најслаткото од палачинката со мед, ореви и чоколаден прелив во комбинација со капучино со пена и цимет или бело вино!rnrnЖени од 25 до 45 години, обединете се! :)rn.rn
„Ниту една жена не смее да ги кажува своите вистински години. Тоа изгледа толку пресметливо!“rn– Оскар Вајлд
rn rnrnОк пријателе, можеби твојата книга „Сликата на Доријан Греј“ е на мојата Топ 10 листа на книги на сите времиња, ама зарем навистина мислиш дека сите треба да лажеме како Доријан? Ти беше тој кој му предвиде трагичен крај на својот јунак. Не благодарам!rnrnПребарувајќи ги претходните, наидов на една „предавничка“:rn.rnrn
„Годините за жената се како Криптонитот за Супермен!“rn– Кети Лет.
rnСовет: Кети, обрати се кај почитуваниот Мухамед Али.rnrnКоментар: No comment!rnrnЗа крај, мојата омилена од Коко Шанел:rn rnrn rn
„Жената има онолку години колку што заслужува!“
rnШто да ви кажам за овaа? Зборува самa за себе. Во комбинација со онаа на Мухамед Али, добиваме совршена дефиниција!rnrnНекој од вас можеби ќе каже дека сум субјективна, дека претерувам, дека погоре напишаното за годините на жената е всушност говор на мојата потсвест на која не и е мило што полни 30. И веројатно сте во право. Па кој не би сакал да има пак 20? Ама за жал, никој до сега не успеал да го искриви времето и да ја промени или замени димензијата во која живееме со некојa друга паралелна димензија (ако воопшто постои некоја)! Јас потпишав примирје со себе и годините и уживам! За вас, не знам.rnrnЗатоа, ова неделно попладне:rn
- rn011
- ве оставам сами, со вашиот/вашата сакан/а, со вашето семејство, пријателите, но
- ве оставам со сознанието дека не можеме да го сопреме времето,
- ве оставам со фактот дека годините не се важни ако сме среќни и здрави,
- ве оставам со мислите дека годините не се пречка да направиме нешто ново,
- ве оставам да се напиете кафе и да наздравите за сѐ што поминало, да го поздравите сѐ она што допрва ќе дојде,
- но да не размислувате и да се обидете да го живеете моментот денес, а не утре!
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnСо респект кон младоста, кон најубавите години што себично си ги браниме, кон средовечните кризи и кон искуството на постарите од мене, ќе ви посакам убав ден и ќе им се вратам на подготовките за третата декада од мојот живот!rnrnВисоко ЦrnrnП.С. Ќе биде забавно!!! 🙂
