Автор: Душица Диноваrnrnrn
rnrnДа ја заклучам ли душава со клучот на замрзнатите чувства,rnда го исушам ли срцево-море, па да не може ТОЈ да го разбранува немирот?rnВрз последниот жар да истурам млаз студена вода,rnта да не може ни најмало ветре со емоции да разгори некоја искра?rnДа го закопам некаде во градиве, длабоко под себе,rnили да го оставам да живее?rnДа го оставам да бие?rnПроклет спомен на тебе.rnПече. Боли.rnСонувам или јаве е?rnГо слушам твојот мил шепот или студениот ветар си поигрува со мене?rnНедостигаш…rnШто остана? Само солзи и сеќавања.rnА утре? Истите талкања низ моите урнати светови.rnБарам прошка за мирен почин на твоето рамо.rnБарам да ми се врати сјајот во очиве и спокојот во душава.rnЌе земам длабоко здив, да не ми го одземеш кога ќе блеснеш под месечевата светлина.rnЌе соберам сила, да не ме соборат солзите на коленици кога ќе застанеш пред мене.rnЌе ги проголтам овие црни денови.rnЌе ја соборам суровата препрека пред мојата иднина, како што мене ме собори минатото.rnТоа е животот. Суров или не, доделен ни е.rnТоа е како клавир. Црно, бело, црно, бело и тогаш паѓа капакот.
Поезија: Неминлив дел од животот или?
