КАФЕ ПАУЗА

Со што се соочуваат девојките чиј бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Без разлика дали станува збор за ново работно место, почеток на посериозна врска или пак, за едноставно созревање, сите девојки во текот на своите 20-ти години на некој начин ги одраснуваат лудите забави, пијаните ноќи и „лошите“ момци и одеднаш се наоѓаат во сосема нова околина, започнувајќи со сосема различен начин на живеење. Доколку и вие се наоѓате во оваа ситуација, тогаш сигурно ќе се пронајдете во наредниве неколку проблеми со кои сите девојки се соочуваат по завршувањето на нивниот бурен ноќен живот…rn

1. Имате проблем со намалување на алкохолот

rnСо што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?rnrnНикогаш претходно не сте имале ограничувања во поглед на алкохолот. Сте поминале толку многу клубови под дејство на алкохол што не сте сигурни дали ќе ги препознаете доколку некогаш отидете трезни. Но, сега сте одговорна возрасна личност и мора да научите како да се контролирате и да си поставите граници во однос на алкохолот.rn

2. Се плашите дека ќе пропуштите нешто многу важно доколку си легнете во 10 часот

rnСо што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?rnrnДојде 10 часот, а вие веќе едвај ги држите очите отворени, но не си легнувате бидејќи ве обзема некоја чудна анксиозност. Вашите пријатели во моментов се подготвуваат за излегување, а вие чувствувате дека ќе ја пропуштите најлегендарната ноќ досега.rn

3. Го заменивте диџејот со маж кој работи во канцеларија

rnСо што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?rnrnСите оние „лоши“ момци со кои досега сте излегувале и сте ги доживувале како возбудливи се заменети со личност на која знаете дека можете да се потпрете. Но, овие нови момци се толку различни од оние на кои сте навикнати што едноставно потребно ви е многу време да се адаптирате.rn

4. Мора целосно да го промените вашиот распоред за спиење

rnСо што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?rnrnСега кога сте вработена, со работно време од 9 до 5, малку е потешко да си легнувате откако сонцето ќе изгрее. И покрај што претходно вие сте живееле навечер, а сте спиеле преку ден, знаете дека сега имате нови обврски и дека мора да бидете одговорни со цел да го задржите работното место.rn

5. Сфаќате дека ви е потребна сосема нова гардероба

rnСо што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?rnrnВашите комбинации за вечерните лудории ни најмалку не се соодветни за жена со кариера. Вие сфаќате дека ќе мора да ги инвестирате првите неколку плати во гардероба која е соодветна за вашата нова работа. Едноставно не можете да се појавите таму со облека која изгледа како да ѝ фали дел.rn

6. Вашето сериозно момче ве одржува приземјени

rnСо што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?rnrnИ покрај тоа што се обидувате да ги почитувате новите правила кои сте ги поставиле со вашето момче, едноставно некогаш се случува да не можете да одолеете на потребата за танцување. Не ви е јасно како ќе издржите да излегувате само еден ден во неделата, за време на викендот, и тоа ви предизвикува дополнителна анксиозност.rn

7. Се случува некогаш да потпаднете под влијание и да завршите во клуб за време на работните денови

rnСо што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?rnrnВеднаш штом влезете во клубот сфаќате дека вие сте таму најстарата личност. И покрај тоа што клубовите се секогаш преполни, тоа никогаш досега не ви пречело. Но, младите девојки околу вас ви предизвикуваат да се почувствувате старо и тоа целосно ви го нарушува расположението.rn

8. Се плашите дека сте доживеале трајна штета од вашиот претходен начин на живеење

rnСо што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?rnrnОткако престанавте да го потопувате вашиот црн дроб во коњак, почнувате да размислувате дали сите тие години поминати во лудории, пиење и неспиење би можеле да предизвикаат сериозна штета на вашето тело. Овие мисли ве прогонуваат со денови, но искрено се надевате дека вашата невнимателност нема да се одрази и врз вас во иднина.rn

9. Порано бевте целосно безгрижна, но сега постојано се грижите

rnСо што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?rnrnЕдно време живеевте според мотото дека никој не може да ве сопре, но сега налетувате на грижи врз кои едноставно се чувствувате како да немате контрола. Сметки, здравствено осигурување, напредок во кариерата… Сите овие нешта се вистински одговорности со кои мора да најдете начин да се справите и токму тоа секојдневно ве вознемирува.rn

10. Не се чувствувате како да сте дел од забавата со децата, но истовремено не чувствувате ни како да припаѓате кај возрасните

rnСо што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?rnrnЕдно време се чувствувате како центарот на вниманието – вие бевте лудата девојка која навистина знаеше како да се забавува и која секој тип би сакал да ја има покрај себе. Но, чувствувате дека забавата за вас заврши и сега не знаете што следува… Сè уште не сте влезени во светот на возрасните и не знаете што точно ве очекува, но знаете дека полека чекорите натаму…