КАФЕ ПАУЗА

Поезија: Има ли крај?

Има ли крај?

Автор: Soldier of LovernrnrnИма ли крај?rnrnСе буди нов ден.rnБудилникот повторно ја пее својата мелодија.rnЈас повторно се будам уморна.rnНишто ново на запад.rnПовторно истите исцрпувачки мисли кои го окупираат мојот мозок.rnПовторно истата мелодија според која чука моето срце.rnПовторно истата тага и меланхолија.rnЈас сум истата, на истото место, во истото време.rnДеновите се копии едни на други.rnДенови исполнети со кафе покрај креветот,rnпепелник во кој една цигара постојано догоруваrnи истите тажни песни кои по којзнае кој пат предизвикуваат солзи на моето лице.rnПовторно гледам грб кој го напушта мојот живот.rnПовторно скршена, повторно ранлива и сама.rnИ по којзнае кој пат со себе го носам својот најскапоцен моден додаток – насмевката.rnНасмевка која ги крие тие солзи, таа болка, таа меланхолија.rnМоите очи молат некој конечно да земе гума и да ја избрише таа болка, но…rnкако и секогаш, нема никој кој ќе ги слушне моите неми повици за помош.rnСветот е полн со луѓе, а сепак осаменоста е константна.rnОсаменост која убива, гуши и омалува…rnИма ли крај на оваа душевна апатија?rnА ако има, каде е?