Аланија е еден од најубавите градови на јужниот брег на Турција. Јужно од градот се наоѓа истоимениот замок кој е изграден во 13 век и е едно од најпознатите туристички места во градот.rnrn
rnrnЗамокот бил изграден во 1221 година од страна на султанот Аладин Кејкубат, кој го освоил градот и повторно го изградил. Замокот се карактеризира со 83 кули и 140 бастиони. Речиси 400 цистерни за вода биле изградени за да се задоволат потребите за вода на градот, кој во средновековниот период бил опкружен со ѕидините на замокот. Некои од цистерните се во употреба и денес.rnrnЗамокот бил изграден на остатоци од антички утврдувања од византискиот и римскиот период. Се издига на 250 метри над морето, на врвот на карпест полуостров и е опколен од три страни со Средоземното Море.rnrn
rnrnİçkale (внатрешен замок) е музеј на отворено на врвот на полуостровот. Во внатрешниот замок се наоѓаат византиски, селџучки и отомански артефакти. Селџучкиот султан Алаедин Кејкубад ја изградил својата палата овде. Откако областа под Отоманската империја станала целосно мирна, замокот ја изгубил својата одбранбена функција и во 19 век овде биле изградени многубројни куќи. Денеска во замокот има населба.rnrnВизантиската црква е едно од најдобро сочуваните дела во комплексот до денес. Таа се користела како мала џамија во периодот на Селџуците. Зад црквата се протега преубава панорама на градот па затоа на туристите им се препорачува да го посетат замокот на зајдисонце и на ова место да уживаат во неверојатната глетка.rnrnОткако прочитавте за овој турски замок, можеби ќе сакате да прочитате и за првата палата во Турција која била изградена во европски стил.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Бисер на Ориентот: Замок кој не смеете да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Турција!
