На што сè сме подготвени за нашите најблиски? Која е најтешката работа што некој би можел да ја побара од вас? Би го сториле ли тоа?
rn
rnrnДоколку сте љубители на романи од стилот на Николас Спаркс ви предлагаме книга која ќе ве натера да пуштите по некоја солза. Романите на МекДениел се концентрираат на трагични судбини и стресни ситуации кои ве тераат да помислите што би правеле доколку вие сте на местото на некој од ликовите. Авторката од лично искуство знае што значи животот целосно да ти се промени преку ноќ па тоа совршено го претставува во своите дела.rnrnОвој роман е баш она што се бара од еден летен хит. Нека не ве лаже трагичниот тон во оваа рецензија бидејќи книгата го претставува реалниот живот на луѓето кој можеби не секогаш е розов, но секогаш има искра надеж која ни ги грее срцата и во најтешките мигови.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книгиrn
rnrnrn
rnrnСекој може да му позавиди на Тревис Морисон. Тој е нуркач шампион, еден од најпопуларните фраери во училиште и има згодна девојка во која е вљубен до уши. Но, еден летен ден сè тргнува наопаку. Тревис заедно со неговата сестра, неговата девојка и неговиот најдобар пријател, оди на езеро каде одлучува да скокне од една висока карпа. Самоуверен и покрај опасниот предизвик одлучува да скокне бидејќи тоа го правел многупати дотогаш. Несреќата што се случува за време на падот му го променува целиот живот. По лекарските прегледи се утврдува дека Тревис има ретка форма на рак на коските и со тешко срце ја прифаќа веста дека ќе мора да ја изгуби едната нога во борбата за живот.rnrnЖивотот на Тревис се распаѓа, но тој има план и му треба помош за негова реализација. Тој одлучува цврсто и без страв исто како што тоа го направил илјадници пати претходно со секое скокање од високата штица. Но, овој пат е поинаку. Овој пат тој од своите најблиски ќе побара нешто што засекогаш ќе им ги обележи животите.rnrnСо тоа не се менува само животот на Тревис туку и на сите околу него. Приказната е раскажана во 4 гласа: Тревис, неговата сестра, неговата девојка и неговиот најдобар другар. Сите се ужасно засегнати со големата трагедија и се обидуваат да се справат со неа.rnrnРаскажувањето во книгава ќе ве натера да се ставите на местото на ликовите. Ќе ве замисли, ќе ве натера да се запрашате што би направиле вие доколку сте на нивно место? Ќе ве натера да помислите што се крие зад влезната врата во еден дом и колку нешта може да ги мачат вашите пријатели, нешта што тие никогаш нема отворено да ви ги признаат? Но, пред сè, оваа лесна и загадочна приказна ќе ви ги потполни слободните летни денови. Кога би морала да наведам забелешка тоа би била недоволната разработка на ликовите, но ова е субјективно и зависи од вкусот на секој читател. Иако може да ви звучи како таква, оваа книга не е плитка романтична приказна. Препорачувам да им дозволите на нејзините страници ова лето да ви се излизгаат низ прсти. Можеби ќе ја читате на плажа, ќе ја понесете со себе на одмор, или пак ќе уживате во вашиот двор под сенка заштитени од летните горештини.rnrn

