КАФЕ ПАУЗА

Денес е Меѓународен ден на љубителите на книги

Денес е Меѓународен ден на љубителите на книги

Written by

in

Од најретките први едиции, до најновите свежо отпечатени книги во локалните книжари, од допирот на хартија, до мирисот на страниците – ова се само дел од работите кои само кај вистинските љубители на книги можат да предизвикаат насмевка на срцето.rn

„Човекот кој не чита добри книги не е ништо подобар од човекот кој не ни умее да чита.“ – Марк Твен

rnДенес е Меѓународен ден на љубителите на книгиrnrnКнигите се моќни. Тие можат да нè транспортираат низ времето и просторот – во минатото, сегашноста, иднината и во многу далечни галаксии, во светови каде што небото е розово и животните зборуваат, а притоа воопшто да не се поместиме од нашиот кауч.rnrnКнигите ни помагаат подобро да се разбереме меѓусебно, да се чувствуваме помалку осамени и да ги пронајдеме нашите најкомплексни емоции претворени во зборови.rn

„ Колку повеќе читате, толку повеќе работи знаете. Колку повеќе работи научите, толку повеќе места ќе посетите.“ – Д-р Сус

rn

Историја на неофицијалниот Меѓународен ден на љубителите на книгата

rnДодека потеклото на овој Меѓународен ден е обвиен во мистерија и гласини, самите книги не се. Започнувајќи од резбите на камени плочи, книгите подоцна биле дизајнирани да се пренесуваат списите и цртежите на оние кои не можеле да ги носат тие камени плочи.rn

„Читателот живее илјада животи. Човекот кој не чита живее само еден.“ – Џорџ Р. Р. Мартин

rnДоколку сте љубител на читање книги, треба да му се заблагодарите на Јохан Гутенберг, пронаѓачот на печатница во 1440 година. Благодарение на неговиот изум, книгите станаа широко достапни за јавноста.rn

Неколку непознати факти за книгите од минатото:

rn

    rn 011

  • Страниците на првата книга биле изработени од кожа од теле;
  • rn 011

  • Кориците на книгите биле изработувани од дрво и честопати биле прикриени со кожа;
  • rn 011

  • Книгите се затворале со копчиња или ленти (каиши);
  • rn 011

  • Првата јавна библиотека се појавила во средниот век;
  • rn 011

  • Јавните библиотеки често ги врзувале книгите со синџири за да ги заштитат од крадци.
  • rn

rn

„Кога ќе имам сопствена куќа, би била мизерна доколку немам одлична библиотека.“ – Џејн Остин

rnДенес е Меѓународен ден на љубителите на книгиrnrnБонус факт: Книгите го намалуваат стресот!rnrnИстражувањата покажале дека читањето не е само забава, туку може да има и позитивно влијание врз нашето здравје. Читањето го намалува стресот, го одржува мозокот остар и го подобрува сонот. Научниците исто така откриле дека оние кои читаат многу, постои голема веројатност да бидат емпатични и разбирливи кон другите.rnrnВо чест на Меѓународен ден на љубителите на книги, оставете ги вашите смартфони, земете добра книга, и едноставно… читајте!rnrnПрочитајте ги и овие 4 причини зошто треба да читате повеќе книги.