rn
6. „Ловец на соништа“ (Dreamcatcher)
rnЧетворица другари од детството тргнуваат на нивното традиционално патување во дивините на Мејн без да знаат дека оваа година нештата ќе бидат поразлични и комплетно ќе им го променат животот. Кога ќе заглават во снегот опколени со опасна инвазија од вонземјани и психички нестабилен војник, мажите ќе мораат да се потпрат на нивниот петти пријател Дадитс за да го спасат светот.rn
7. „Маглата“ (The Mist)
rnВо едно мало гратче во Мејн денот започнува сосема нормално, но одеднаш се случува неочекуван пресврт во текот на настаните кога голема група на купувачи ќе останат заробени во еден супермаркет. Надвор започнува да владее густа магла, а суштествата кои се кријат во неа нема да имаат милост за заробениците.rn
8. „Регулаторите“ (The Regulators)
rnСреќното попладне во едно предградие на Охајо се претвора во вистински ужас кога група чудни автомобили во светли бои ќе застанат во близина и од нив ќе излезат гротескни вооружени лица кои пукаат во сѐ што ќе им излезе пред очи. Додека целото соседство се трансформира во детска карикатура на Дивиот запад, жителите мораат да соработуваат за да го сопрат демонот кој стои зад целиот неред, пред да биде предоцна.rn
9. „Темната половина“ (The Dark Half)
rnАвторот на фантастични романи, Тад Беумонт, не е толку успешен писател како Џорџ Старк, авторот на илустрирани криминалистички новели. Откако Беумонт ќе открие дека Старк е неговото лажно име и ќе му организира лажен погреб, писателот ќе биде обвинет за убиства кои не ги извршил поради вистинскиот убиец кој одговара на неговиот опис и ги носи неговите отпечатоци.rn
10. „Мизерија“ (Misery)
rnАвторот Пол Шелдон доживува автомобилска несреќа и се буди заробен во домот на неговиот најголема обожавателка Ени Вилкис: Жена која живее во изолација од светот со големи планови за неговата кариера.

