КАФЕ ПАУЗА

9 работи кои мажите ги сметаат за одбивни, а жените несвесно ги прават

Written by

in

,

Долгата врска навистина повлекува со себе огромно количество комодитет и опуштеност. Кога сте со некого подолго време, несвесно престанувате да се оптоварувате себеси со сите морални и самонаметнати начини на однесување, па си дозволувате испади од секаков тип. Некои се случуваат еднаш, за некои едвај сте чекале да дојде момент кога ќе може да ги правите пред партнерот без срам; некои се смешни, некои се засрамувачки, некои ве прават уште попривлечни, но има и такви кои, за партнерот, се ужасно одбивни.rnrn(1)-9-raboti-koi-mazhite-gi-smetaat-za-odbivni-a-zhenite-nesvesno-gi-pravat-kafepauza.mkrnrnДевојки, иако можеби следниве нешта ги правите несвесно, тие се навистина одбивни за вашата посилна половина.rn

1. Долги нокти

rnПокрај фактот дека мажите преферираат што е можно поедноставен маникир, она што вашиот партнер би го сакал дури и повеќе се кратки нокти. Гребење, боцкање и лузни се само мал дел од работите кои тие радо би ги избегнале.rn

2. Оглупавување со сила

rnПаметниот и амбициозен маж го привлекува вашата интелигенција. Сето она што подразбира глупаво однесување сосила само за да привлечете повеќе внимание предизвикува само одбивност и ништо повеќе.rn

3. Загушување

rnАко мажите нешто мразат, тоа е кога не го добиваат потребниот простор да бидат сами или со своите пријатели. Затоа, за сите мажи е многу одбивна секоја ситуација кога добиваат чувство на загушеност. Едноставно, потребен им е нивниот простор.rn

4. Попување

rnАко сакаат да слушаат како и што би требало да прават, тогаш ќе одат дома и ќе ги слушаат своите мајки. Во врската очекуваат да бидат со девојка со која можат да бидат слободни и свои, па одбивен им е секој ваш обид да им попувате.rn

5. Премногу парфем

rnДа, убав парфем во умерени количини е и повеќе од привлечно. Но чувството кога мирисате како да ја имате цела парфимерија испрскано врз себе, а згора на тоа и моментот кога ве бакнуваат по врат и јазикот им се здрвува целосно, е тоа е меѓу оние најлошите искуства кои дефинитивно не би ги повториле.rn

6. Премногу шминка

rnМажите сакаат природно. Иако шминката навистина разубавува, кога нешто е претерано тогаш сигурно не чини. Мажите имаат разбирање дека шминката е неизбежен дел од целата слика, но не сакаат кога изгледате како да ќе одите на маскенбал.rn

7. Флертување со други мажи

rnЕдна огромна грешка која некои жени ја прават е таа што кога се излезени со својот партнер, умерено и дискретно, но сепак впечатливо флертуваат со други мажи за да го направат партнерот љубоморен. Но ова секогаш дава само еден резултат, а тоа е одбивност кон вас која произлегува од создадената недоверба и ниското ниво на однесување.rn

8. Секогаш на располагање

rnКога им е сѐ како сервирано на послужавник, мажите ќе изгубат интерес. Во нивната природа е да треба да се изборат за нешто, а кога тоа нешто го добиваат секогаш и во секое време без дури и да го побараат, тоа нешто им станува досадно. Имајте свој живот. Бидете недостапни.rn

9. Негативност

rnВо секоја смисла на зборот. Мажите сакаат позитивни девојки, девојки кои се сакаат себеси и кои не се замараат со останатите, кои не осудуваат и не се полни со негативна енергија. Ценете го тоа што го имате, сакајте го и уживајте.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.