КАФЕ ПАУЗА

Дали цртаните филмови ја поттикнуваат дебелината кај децата?

Дали цртаните филмови ја поттикнуваат дебелината кај децата?

Цртаните филмови се неизоставен дел од детството и за децата тие се забавни, хумористични и возбудливи. Многу родители се двоумат дали да ги остават децата да гледаат цртани филмови поради некои сцени со насилна содржина, но сега се појави и дилемата дали цртаните филмови ја поттикнуваат дебелината кај децата.rnrnДали цртаните филмови ја поттикнуваат дебелината кај децата?rn

„Филмовите за деца и цртаните филмови потсвесно го поттикнуваат здебелувањето кај децата затоа што таму најмногу се јаде нездрава храна“, тврдат истражувачите од Универзитетот „Дјук“.

rnТие сметаат дека од сите филмови за најмалите што се појавија во последните години, дури 87 % прикажуваат нездрава храна, а сите цртани поттикнуваат нездраво однесување што доведува до здебелување.rnrnИстражувањето покажува дека во околу 87 % од цртаните филмови се појавува нездрава храна, во 71 % се јадат преголеми порции, а во 29 % од цртаните филмови негативно се прикажува вежбањето.rnrnНаучниците откриле дека кога гледаат цртани филмови, децата ги прифаќаат навиките за јадење на хероите, споредувајќи се со нив. Според „Дејли меил“, околу 32 % од децата на возраст меѓу 2 и 19 години во САД се со прекумерна тежина, а 17 % се дебели.rnrnПрочитајте и зошто со текот на времето дебелеењето станува полесно и побрзо.