На 19 јуни сите одиме на кафе пауза: Уште неколку дена до Black Coffee во Скопје!

Сподели

Уште само неколку дена нè делат од еден од најголемите музички спектакли ова лето во Скопје. На 19 јуни, со почеток во 22 часот, на Стадион на АРМ, македонската публика ќе има можност да го доживее настапот на едно од најголемите имиња на светската електронска сцена – Black Coffee.

Реклама

Скопје веќе пулсира во ритамот на Black Coffee. А ние би додале – на 19 јуни, ова нема да биде обична кафе пауза, туку големата музичка кафе пауза во градот.

Греми добитник, глобален хедлајнер и артист кој настапувал на некои од најпрестижните светски сцени, Black Coffee важи за еден од највлијателните диџеи и продуценти на денешницата. Неговото име е силно поврзано со подемот на afro-house музиката, но и со новата енергија што ја донесе на современата електронска сцена.

Од големи open air настапи, до распродадени соло концерти во Madison Square Garden и О2 Арена, Black Coffee одамна не е само диџеј – тој е музичко искуство кое се памети.

Токму затоа, неговиот настап во Скопје се очекува да биде еден од најпосетените и најзборуваните настани ова лето. Стадион на АРМ ќе биде домаќин на голем open air спектакл, а Македонија и регионот ќе имаат можност да бидат дел од The Ultimate Black Coffee Experience.

Влезниците се веќе во продажба онлајн на avalonbooking.mk, како и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

На 19 јуни, Скопје ќе танцува.

А ние велиме – време е за најголемата кафе пауза ова лето.

 

Најново

Може ќе ве интересира