КАФЕ ПАУЗА

Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

Доколку сакате да внесете футуристички изглед во вашиот дом, тоа ќе го постигнете со некое од овие навистина елегантни парчиња мебел.rn

Гитара  која ќе ви го „причува“ кафето

rnМожеби никогаш не сте имале музичка кариера, но отсекогаш сте биле вистински љубители на добра рок музика. Доколку вистински уживате во енергичниот звук кој го произведува електричната гитара, ова е најверојатно совршениот избор на кафе масичка за вас.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

Кафе масичка и аквариум во едно

rnОтсекогаш сте сонувале да поседувате еден уникатен аквариум, кој ќе говори за вашиот одличен вкус и ќе внесува свежина и раскош во домот. Желбата ви се чини неостварлива, бидејќи никогаш не успеавте да пронајдете аквариум, кој добро ќе се вклопува со останатиот мебел во дневната соба. Потрагата може да заврши! Ова е вистинското парче уметност за вас!rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

iPhone т.е. iCoffeetable

rnВие сте просто заљубени во вашиот iPhone. Тоа е најдоброто парче технологија, кое ви нуди толку многу можности, а го собира во една дланка. За да биде задоволството уште поголемо, сега имате можност и да го пиете вашето утринско кафе на масичка, која изгледа идентично како вашиот омилен телефон. На неа можете дури и да додавате нови „апликации“.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

Дел од природата во вашиот дом

rn

Вистински знаете да уживате во убавините на природата. Уживате во свежината која ја носи утринската роса, мирисот на свежо искосената  трева и лулкањето на лисјата… Посакувате, просто да можевте да живеете во градина. Сега можете да „откинете“ дел од зеленилото кое никогаш не венее и да го сместите во вашата дневна соба. Дома ќе ви биде пролет, во текот на целата година.Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

rnrn

Мултимедијална масичка

rn

Никогаш не се разделувате од вашиот компјутер, така?  Не би ви замериле, затоа што ни е јасно дека ви е потребен за вашата работа, за да контактирате со пријателите или едноставно за да се релаксирате читајќи на Кафе пауза. Она што е ново, е дека сега за да го правите сето ова, не ви е потребен компјутер, туку маса. Да, да, добро прочитавте – маса на која ќе можете да проверувате имејл, да зачувувате фајлови, да користите блутут, да слушате музика, да играте видео игри и да јадете сладолед.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивот

rnrn

Невидлива масичка

rnДенес во продавница видовте одличен чаршав, но за жал тој не одговара со бојата на ногарките на вашата кафе масичка. А што ќе ви е масичка, кога можете да си купите чаршав над кој ќе „лебди“ вашата шолја со кафе? Доколку сакате да внесете футуристички изглед во вашиот дом, тоа ќе го постигнете со ова навистина елегантно парче мебел.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивот