КАФЕ ПАУЗА

3 модели на ниски чевли за девојките кои не сакаат штикли

Понекогаш е тешко да им одолеете на чевлите со високи потпетици, но факт е дека тие се навистина неудобни. За среќа, доколку не сте љубители на штиклите, постојат рамни обувки кои се одлична замена за нив.rnrnРамните чевли станаа хит оваа пролет бидејќи се практични, но и елегантни. Одлично се вклопуваат и со секојдневните, и со професионалните комбинации, а некои модели се совршени и за вечерно излегување. Доколку барате начин да ги замените штиклите со нешто поудобно, погледнете ги овие предлози.rn

1. Оксфордки

rn3 модели на ниски чевли за девојките кои не сакаат штиклиrnrnДоколку сакате патики, но сепак барате малку поелегантна варијанта, оксфордките се совршениот избор за вас. Можеби овие чевли некогаш биле карактеристични само за учениците, но денес ги носат сите. Изгледаат навистина одлично и се најдобрите обувки за променливо време. Иако малку се во „машки“ стил, оксфордките секогаш изгледаат добро со романтични, секојдневни, вечерни и професионални комбинации.rn

2. Балетанки

rn3 модели на ниски чевли за девојките кои не сакаат штиклиrnrnИ оваа година на модната сцена истапуваат балетанките, за кои слободно можеме да кажеме дека се безвременски тренд. Веројатно и да не постои жена или девојка што не ги сака и што нема барем еден пар во својот дом. Секоја нова колекција што се појавува изгледа подобро и попримамливо. Оваа пролет најголем хит ќе бидат балетанките со отворена пета и со животински принт, но нема да изостанат и класичните модели.rn

3. Мокасини

rn3 модели на ниски чевли за девојките кои не сакаат штиклиrnrnМокасините се класика која оправдано се враќа секоја сезона. На почетокот се комбинираа со формална облека, но сега стануваат дел и од секојдневните комбинации. Можете да ги носите со панталони, здолништа и фустани. Со други зборови, можете да ги носите со сè.rnrnПогледнете ги и моделите на балетанки што мора да ги имате оваа пролет.