Како изгледаат сега близначките парови кои биле популарни во Холивуд во 80-тите и 90-тите години? - Part 2

Како изгледаат сега близначките парови кои биле популарни во Холивуд во 80-тите и 90-тите години?

5. Тифани и Кристл Матарас

Тифани и Кристл играле близнаци во неколку филмови, но најпознати се со нивните улоги во „Проблематично дете 2“ (Problem Child 2) каде што ги играле близначките од соседството коишто постојано се обидувале да кажат нешто. Сестрите не продолжиле со актерството и моментално живеат тивок, обичен живот и не споделуваат многу од приватноста со нивните фанови.

6. Британи и Синтија Даниел

Тие станале популарни после нивните улоги како Џесика и Елизабет во „Средното училиште Слатка Долина“ (Sweet Valley High). За Британи тоа не била прва улога бидејќи пред тоа се појавила во неколку проекти. Таа не била ниту нејзина последна улога бидејќи продолжила со глумење и потоа се омажила. Синтија ја завршила актерската кариера и станала фотографка. Таа е исто така мажена и има 3 деца.

7. Бенџи и Џоел Маден

Близнаците го основале поп-панк бендот Good Charlotte во 1996-та година. Бендот бил многу популарен во 1990-тите и раните 2000-ти години и уште постои. Браќата Маден се ментори во австралиско музичко шоу. Џоел е оженет со Никол Ричи и имаат 2 деца, а Бенџи е во брак со Камерон Дијаз.

8. Лиса и Луиз Барнс

Овие сестри ги играле близначките во хорор филмот „Сјаење“ (The Shining) и иако нивната изведба била за паметење тие никогаш не продолжиле да се занимаваат со глума туку се вратиле на своите сосема обични животи подалеку од рефлекторите. Лиса студирала книжевност, а Луиз станала микробиолог.

Кој е вашиот омилен близначки пар? Што мислите кој од нив се променил драстично?

Погледнете како изгледале славните на почетокот на нивната кариера.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар