Автор: Александар НиневскиrnrnСите вистински љубители на кафе уживаат во аромата и вкусот на италијанското еспресо. Тоа е во основата на сите добри кафиња. Доколку сакате дома да приготвите еспресо, а не сакате да купувате скапа машина за еспресо, тогаш одговорот е во мока-ѓезвето.rnrn
rnrnМока ѓезвето доаѓа во различни големини, од најмалите во кои можете да направите само една шолја кафе, па сè до огромни кои можат да направат 18 шолји, доколку ви дојдат многу гости. Најмалите и најосновните модели чинат од 3 евра па нагоре што е многу евтино во споредба со професионална машина.rnrnМока-ѓезвето функционира на следниот начин. Во најдолниот дел се полни вода, потоа се става филтерот кој се полни со кафе. Над него со вртење се прицврстува горниот дел во кој се собира кафето. Потоа се става на обична рингла или на плинско и кога ќе зоврие водата, таа се претвора во пареа. При сипувањето во шолјата поминува преку филтерот низ кафето и истекува низ горниот дел во вид на вкусно и ароматично еспресо.rnrnНа следното видео детално е опишана постапката на правење еспресо со мока-ѓезве:rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
