Хороскопот открива: Со каква личност никогаш не би биле во љубовна врска?

Сподели

Сите ние имаме одредена листа со приоритети кога се работи за изборот на партнер. Сакаме лојален, трудољубив, добродушен и стабилен партнер со добра смисла за хумор и блескава насмевка. Сите знаеме што сакаме, но дали знаеме што не сакаме? Кои работи никако не би ги прифатиле во врската без оглед на тоа колку критериуми се исполнети? Доколку сѐ уште не сте сигурни околу одговорот, хороскопот може да ви помогне. Прочитајте со каква личност никогаш не би биле во врска според вашиот хороскопски знак…

Реклама

rn

Овен

rnОвните никогаш не би биле во врска со некој кој веднаш отворено го покажува интересот за нив, ги идеализира и ја уништува секој можност за неизвесност и освојување уште од првиот разменет збор.rn

Бик

rnБиковите никогаш не би се заинтересирале за некој кој прави да се чувствуваат емоционално несигурни. Тие не сакаат нестабилни личности кои ќе ги држат во неизвесност уште од самиот почеток на врската.rn

Близнаци

rnПрипадниците на овој знак не би се вљубиле во личност која е заглавена во рутини и навики, која не сака промени и претпочита да седи на каучот и да гледа телевизија наместо да излезе и да го истражува светот.rn

Рак

rnРаковите не би можеле да бидат во врска со некој кој не е близок со сопственото семејство и кој во љубовта се потпира на разумот, а не на чувствата.rn

Лав

rnЛавовите не би можеле да се замислат со мрзлив партнер кој не е амбициозен и си гледа само за себе, наместо да соработува тимски.rn

Девица

rnПрипадниците на овој знак не би можеле да бидат со некој кој е на различно интелектуално ниво од нивното, кој не може да го разбере нивниот начин на размислување и не заинтересиран за долги разговори. Девиците никогаш не би одбрале партнер кој прави да изгубат контрола, во лоша смисла на зборот.rn

Вага

rnВагите ги одбиваат личностите кои стануваат љубоморни ако поминуваат време со други луѓе. Тие не можат да бидат со партнер кој прави да се чувствуваат клаустрофобично поради неговата опсесивност и опседнатост.

rn

Скорпија

rnСкорпиите не би можеле да започнат врска со личност која не може да се справи со нив и нивните силни емоции и која не знае да ја покажува љубовта на физички начин, односно која не сака држење за рака, бакнување во јавност, гушкање и слично.rn

Стрелец

rnСтрелците никогаш не би имале партнер кој шири негативна енергија, нема амбиции и лесно станува љубоморен.rn

Јарец

rnПрипадниците на овој знак не сакаат партнери кои ги избрзуваат, кои не ја почитуваат нивната приватност и постојано се премислуваат.rn

Водолија

rnРодените во овој знак не би можеле да се замислат со личност која ја убива нивната креативност, која не знае да го поддржи и охрабри нивниот уникатен и ексцентричен начин на размислување и која ќе се повлече веднаш штом конечно ќе ги освои.rn

Риби

rnРибите не би можеле да имаат партнер кој не знае како да се справи со емоционална интимност, кој ги смета за драматични кога стануваат чувствителни и кој не може да ги утеши и да направи да се чувствуваат сигурни во врската.

Популарно

Може ќе ве интересира