Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси не беше само љубовна приказна, туку и еден од најголемите славни настани во годината. Според странските медиуми, на прославата присуствувале околу 1.000 гости – комбинација од најблиските членови на семејството, долгогодишни пријатели, музички ѕвезди, актери и спортски легенди.
Иако многумина се прашуваа како познатиот пар успеал да состави толку голема листа на поканети, извори блиски до младенците откриваат дека одлуката била многу едноставна – сакале да бидат опкружени со луѓето кои на некој начин биле дел од нивниот живот и љубовна приказна.
Тејлор, која со години гради блиски односи со колеги од музичката индустрија и холивудската сцена, не сакала никој од најважните луѓе во нејзиниот живот да биде изоставен. Од друга страна, Тревис ја проширил листата со бројни пријатели и соиграчи од светот на американскиот фудбал.
Меѓу гостите се најдоа голем број познати имиња од музиката, филмот и спортот, а атмосферата била вистински спој на холивудски гламур и спортски дух. На свеченоста присуствувале блиски пријатели како Селена Гомез, Ед Ширан, Џек Антоноф, Џиџи Хадид, Ема Стоун, како и бројни НФЛ ѕвезди, меѓу кои Џејсон Келси, Џорџ Китл и Метју Стафорд.
Gigi Hadid

Ed Sheeran

Hugh Grant & Anna Elisabet Eberstein

Camila Cabello

И покрај огромниот број гости, свадбата била организирана така што секој се чувствувал како дел од интимна прослава. За приватноста на младенците биле воведени строги безбедносни мерки, а гостите морале да ги почитуваат правилата за дискретност и користење на мобилни телефони.
Интересно е што Тејлор и Тревис не се одлучиле за класична свадбена придружба. Наместо традиционални деверуши и кумови, посебни улоги добиле нивните браќа – Остин Свифт бил „човек на честа“ на сестра си, додека Џејсон Келси бил кум на својот брат.
Со околу илјада гости, раскошна организација и присуство на најголемите светски ѕвезди, свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси веќе се смета за еден од највпечатливите славни настани во последните години.


