rn
7. Кратки шишки
rn
rnrnКратки, драматични и ретро. Вака стилизираните шишки што ги носи Одри Хепберн се наоѓаат високо на листата за модни трендови. Оваа фризура прави жената да изгледа неколку години помлада. Можат да бидат прави и речиси совршени или малку „растурени“.rn
8. Тетоважи за стрии
rn
rnrnБелезите од стрии се проблем со кој се соочуваат многу жени. Некои ги носат гордо, а некои се обидуваат да најдат начини да се изборат со нив. Тату-артистот од Сао Паоло, Родолф Отатудор, нашол начин да ги маскира. Ги пополнува најсветлите линии од раните со бои од телото за да ги измеша белезите од стрии со бојата на кожата. И тие навистина исчезнуваат! После заздравувањето кожата изгледа мазна. За жал, овој метод е користен само во Бразил, но ефектите се видливи. Родолфо ги маскира и темните кругови околу очите.rn
9. Сребрена коса
rn
rnrnСребрената коса треба да ја потенцирате и не би требало да ја криете. Ако имате природно темна коса тешко е да се осветли за да се добие овој ладен сив изглед, но доколку имате природно сребрена коса сè што треба да направите е да ја зацврстите за да ја истакнете.rn
10. Пластична операција на папокот
rn
rnДруг нов тренд е папок каков што имаат моделите. Како што изгледа, постои совршена форма на папок – вертикално заоблен. Во пластичната хирургија постои специјална процедура за менување на формата на папокот и овој тренд станува сè попопуларен.rn
11. Природни трепки
rn
rnОдлични вести се дека светот се насочува кон природниот изглед. Природната грижа и изгледот без трепки сега е во тренд. Рицинусово масло, масло од семки од грозје и алое вера се продуктите кои ќе ви требаат. Процедурата наречена кератин лифтинг станува сè попопуларна којашто ги витка трепките и ги снабдува со витамини за растење.rn
12. Гел-пудра за нокти
rn
rnrnГелот се става на ноктите и не се користи УВ-ламба. Имаат издржливост дури до месец дена и изгледаат прекрасно.rn
13. Влажна шминка
rn
rnrnМат составите стануваат сè помалку популарни. Моментално „влажната шминка“ е во тренд. Кожата, очите и усните треба да изгледаат сјајно. Земете хајлајтер, масло за усни и сенка за очи што ќе ви даде „влажен изглед“ – целта е лицето да ви блеска.

