Таа копнее по партнерство и посакува да најде љубов со сето нејзино срце. Таа знае да љуби само нежно и чисто, па ако се вљубите во неа ќе мора неизмерно да ја сакате. Па, кој е овој романтичен и ранлив знак?rnrn
rnrnСтанува збор за Вага! На Вагите им треба простор и слобода за да бидат такви какви што се во секој момент. Тие никогаш нема да ве критикуваат, туку ќе почекаат да ги најдат вистинските зборови за да ви укажат на грешката. Дури и тогаш можеби не би се осмелиле да се соочат со вас. Попрво би ви напишале писмо. Вагите ги обожуваат зборовите и магијата што ја поседуваат.rnrnДоколку се вљубите во Вага, мора да разберете дека зборовите ѝ се многу важни и дека само тие можат да ве одведат до нејзиното срце. Припадничките на овој знак не лажат и не се фалат. Зборовите што ќе им ги упатите никогаш не смеат да бидат лажни. Тие ги презираат неисполнетите ветувања.rnrnВагите се уметници, но за да можат да преживеат во светот, мора да го најдат својот медиум. Ако сте во вљубени во Вага, мора да знаете дека нејзе ѝ треба уметноста исто како што вам ви треба воздух. Токму затоа, честопати на Вагите им треба тишина.rnrnВагите можат да го мразат или сакаат своето тело, но нивните партнери мораат да го обожуваат! Поттргнувајте им ја косата од лице за да можете поубаво да ги погледнете. Допирајте го секое делче од нивната кожа како за прв пат да допирате женско тело. Тие ќе копнеат по вашите прегратки и ќе овенуваат без нив. На Вагите им треба романтика и бакнежи. Тие се подготвени да избегаат некаде далеку за да го видат светот, па затоа им треба удобен дом каде што ќе можат да се вратат.rnrnВагите многу плачат, а вие нема да знаете како да им помогнете. Нема да ви кажат што е проблемот, бидејќи ни тие самите нема да знаат на почетокот. Ќе дојде време кога ќе морате да ја почувствувате нивната тага, дури и да не ја разбирате.rnrnНа жените родени во овој знак им треба време и простор за истражување. Не постои ништо поубаво од тоа кога Вагите го доживуваат светот. Тие ја гледаат магијата онаму каде што другите не можат да ја видат. Тие силно веруваат во магија. Ако сте вљубени во Вага, мора да ја славите неа и животот. Ако ја сакате, мора да ја сакате и самата суштина на љубовта.rnrn
rnrnВагите постојано ја одржуваат деликатната рамнотежа помеѓу страста и ранливоста. За да го надополнат тоа што не се познаваат себеси, тие им угодуваат на сите луѓе околу нив. Тие се обидуваат да ги решат проблемите, додека другите не почнат да им замеруваат поради тоа. Но, ако имате Вага во животот, мора да ја препознаете нејзината жртва, без оглед на тоа колку е самодеструктивна.rnrnПрипадничките на овој знак се обидуваат да го најдат своето место на овој суров свет. На Вагите им треба да ги поттикнете да се грижат за себе. Тие никогаш нема да внимаваат на своите потреби, па затоа ќе треба да ги научите на таа вештина. Ќе мора да ги научите дека ако ги ставаат своите потреби на прво место, тоа не значи дека се себични.rnrnВагите ја презираат себичноста, а осаменоста ги плаши. Срцето многу пати ќе им биде скршено. Тие се чувствуваат осамено и тажно поради многу работи, но никогаш не смеете да ги скршите целосно.rnrnДоколку сакате да го освоите срцето на Вагата, вашата љубов мора да биде искрена и длабока. Нема да најдете попосветен, повнимателен и попожртвуван партнер од Вагата. Не смеете да ја земате здраво за готово, бидејќи нејзиното срце ќе се затвори кога ќе почувствува некаква непријатност, а ако дојде до тоа, никогаш нема да го најдете патот назад. Нејзиното срце ги знае сите тајни на светот. Чувајте го.rnrnВагите понекогаш се чувствуваат изгубено. Тогаш им треба топол чај, ќебе, црно-бели филмови и тишина. Понекогаш им треба друштво, забава, полноќни прошетки и длабоки разговори. На Вагите им треба постојан потсетник дека се убави, сакани и обожувани. Ним им треба авантура. Жените родени во овој знак сакаат да бидат независни, но не можат да бидат сами. Иако ова ви звучи необично, ќе мора да ги прифатите сите нејзини контрадикторности.rnrnНа Вагите им треба одлучност, иако не ја поседуваат таа особина. Тие ќе ве изненадат со нивната спонтаност, а вие ќе им се восхитувате поради нивната посветеност. Ако имаат време за размислување, секоја одлука ќе им претставува тешкотија, без разлика дали станува збор за тоа што да нарачаат за јадење, што да облечат или каков партнер да одберат. Тоа можеби ќе ви пречи, но мора да разберете дека за нив не постои такво нешто како „очигледен избор“.rnrn
rnrnАко ја сакате Вагата, ќе мора да ја сакате и самата љубов. Припадничките на овој знак ги сакаат сите работи што се поврзани со љубовта: Врските, занесот, скршеното срце, самата идеја за љубовта…. На Вагите им треба сигурен партнер, но истовремено копнеат по возбудата што произлегува од љубовната несигурност. Тие можат да го видат доброто во сите луѓе, но им треба интелигентен партнер со добра смисла за хумор. За нив не постои ништо попривлечно од остриот ум.rnrnВагите мразат неурамнотеженост бидејќи тоа прави да се чувствуваат ранливи. Меѓутоа, не мора премногу да се грижите, затоа што тие веруваат во прошката и довербата. Ако почнете да се карате со Вага, можете да бидете сигурни дека кавгите за нив претставуваат крај. Мора да ги потсетите дека секоја караница е прилика за развој и нов почеток.rnrnВагите го обожуваат чувството на заљубеност, така што ќе мора да се вљубувате во нив одново и одново. Тие се во потрага по вечна еволуција и инспирација. Мора да бидете свесни за добрите намери што секогаш се кријат во нивното срце, бидејќи ако го игнорирате тој дел од нив, ќе им ја скратите личната вистина. Вагите не можат да преживеат без таа вистина.rnrnКога Вагите се расправаат, тоа го прават затоа што веруваат дека се во право. Тие се многу праведни, а нивните солзи и зборови се секогаш искрени. Никогаш не би повредиле некого намерно. Но, доколку забележите вистински гнев во нивните очи, ќе мора да се ослободите од вашата лутина. Нежните Ваги многу бурно реагираат кога се соочуваат со некаква неправда. Мора да им да дадете простор да се однесуваат како борци, кога срцето им говори дека е време за борба. Мора да стоите покрај нив, да им се восхитувате на посветеноста и да верувате во нивната цел.rnrnАко верувате во нив и тие ќе веруваат во вас. Кога Вагите се среќни, тие можат да го освојат целиот свет. Сѐ што им треба е добра музика и искрена насмевка.rnrnНо, умот на Вагите е преплавен со грижи. Тие ги проучуваат вашите изговорени и неизговорени зборови. Тие размислуваат за значењето на секој допир и караница. Токму затоа, вашата љубов кон нив мора да биде нежна и постојана.rnrnВагите цутат кога се среќни. Тие веруваат во човечката добрина, во магија и во среќа до крајот на животот. Мора да верувате во нив и во сето она што го претставуваат, бидејќи само така ќе успеете да ги задржите овие волшебни и инспиративни жени покрај себе.rnrnВо продолжение дознајте сѐ за жените Ваги!
Волшебна и инспиративна: Жената родена во овој знак најдлабоко верува во човечката добрина
