Автор: Весна ЈовановскаrnrnОна што ви се чини премногу далечно, може за миг и вам да ви затропа на вратата. Подгответе се за неочекувана животна бура.rnrn
Режија: Френсис Лоренс („I am Legend“; „Constantine“)rnrnУлоги: Роберт Патинсон, Рис Витерспун, Кристофер ВалцrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 22 април 2011rnrnЖанр: љубовна драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn—————————————————————————————————————————————————rnСтанува збор за филм кој ќе ве остави без здив и со „грутка“ во грлото. Романтична драма базирана на истоимената новела на Сара Груел… Ќе ве однесе во ерата на прохибицијата и на депресијата, карактеристични за триесетите години на минатиот век. Но, ќе ви покаже и како да истраете во вакви тешки периоди и да зачекорите по нов животен пат.rn—————————————————————————————————————————————————rn
rnПриказна: Во квалитетни 120 минути е претставена судбината на Џејкоб (Роберт Патинсон), млад студент по ветерина кој по смртта на неговите родители е принуден да го напушти факултетот. Неговиот удобен и исполнет живот, за кус период се претвора во буквална борба за опстанок.rnrnОткако ќе му ја одземат куќата, тој без „скршена“ пара во џебот се приклучува на патувачки циркус кој сонот за успешен доктор по ветерина, ќе му го замени со кошмар. Џејкоб, ќе се соочи со немилосрдно дресирање и злоупотреба на животните.rnrnПреку симпатиите и особениот интерес за новиот слон кој ќе пристигне во циркусот, како замена за дотогашната главна атракција, тој ќе ја пронајде вистинската, но во моментот и забранета љубов, Марлена (Рис Витерспун). Таа е главен изведувач во циркусот, но во исто време и сопруга на неговиот злобен сопственик, Август (Кристофер Валц).
Режисерот, преку глевиот лик во филмот испраќа недвосмислена порака за ненадејниот пресврт кој може да му се случи на секој од нас, во кој било момент од животот. Младиот Џејкоб храбро и подготвено чекори низ ужасот, кој ќе му го приреди лицемерниот и алчен Август. Во ниту еден момент нема да се откаже од љубовта која исто така, одненадеж ќе го „здрма“.
Кога и како да го гледате филмот: Оваа драма е одлична, со неа да го завршите денот. Сеедно е дали ќе ја гледате со вашите пријатели или сами, бидејќи и во двата случаи, приказната ќе ве натера добро да размислите и да ги преиспитате вредностите и целите што сте ги поставиле во животот.
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
