Оваа прекрасна куќа се наоѓа на француските Алпи во близина на туристичкото место Межев. До пред извесно време била обична традиционална куќа на фармери, но откако ја уредил белгискиот декоратер Лионел Жадо таа се претворила во префинето боемско прибежиште, идеално за уметничките души во зимските денови. Кога временските услови го дозволуваат тоа, тие најмногу ќе уживаат на терасата на вториот кат, од каде што можат да се воодушевуваат на живописните Алпски пејзажи.rnrn
rnrnЖадо оставил цел ѕид наменет за прозорец за да може да се ужива во таквата глетка и од удобниот кревет крај каминот. Мебелот изгледа старомодно, со цел да го долови боемскиот амбиент, а носи печат од разни култури од Европа, Африка и Азија.rnrn







rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
