КАФЕ ПАУЗА

8 работи од кои треба да се откаже Меган Маркл откако ќе се венча со принцот Хари

Животот на Меган Маркл драстично ќе се промени. Иако овие промени може да изгледаат како од бајка, некои од нив се навистина тешки. Можеби венчањето со принц е остварување на сон, но ова не значи дека Меган нема да жртвува ништо. За разлика од Кејт Мидлтон која пораснала во Англија, Меган доаѓа од сосема различна држава со различна култура. Ова се работите од кои таа ќе треба да се откаже.rnrn8-raboti-od-koi-kje-treba-da-se-otkazhe-megan-markl-po-venchanjeto-so-princot-hari-kafepauza.mkrn

1. Социјални мрежи

rnКралското семејство не е активно на социјалните мрежи. Иако имаат официјални профили, тие не се лично нивни. Целта на ова е да се зачува нивниот углед и да се заштити нивната приватност.rn

2. Државјанство

rnПо венчавката, Меган ќе живее во Англија и ќе добие англиско државјанство. Сепак ќе има право да аплицира за двојно државјанство и да го задржи она од САД.rn

3. Едно од нејзините кучиња

rnОва е можеби најтажната промена. Иако ќе може да го земе едното куче со неа, ќе мора да го остави другото бидејќи е премногу старо за селење.rn

4. Нејзината кариера

rnМаркл се прослави со улогата во серијата „Костуми“ (Suits). Сега таа ќе треба да се збогува и со серијата и со нејзината кариера како актерка. Да се биде принцеза е работа со полно работно време.rn

5. Нејзиниот веб-сајт

rnНеодамна Меган го затвори својот блог „The Tig“ по 3 години работа на него. Како збогување со своите читатели таа напишала:rn

„Она што започна како проект од страст еволуира во неверојатна заедница од инспирација, поддршка и забава. Ми ги направивте деновите поубави и го исполнивте ова искуство со многу радост.“

rn

6. Нејзината линија облека

rnНе секој знае дека Меган има дизајнирано облека со компанијата „Reitmans“. Откако ќе стане член на кралското семејство, ќе треба да се откаже и од ова хоби.rn

7. Не може да биде политички активна

rnПретходно Меган била активна во полето на политиката и социјалните проблеми. Сега таа ќе треба да се откаже од нејзината добротворна работа со Обединетите Нации, како и од нејзината улога во организациите „World Vision Canada“ и „One Young World“.rn

8. Нејзината титула

rnОва можеби е дел од бајката. Кога ќе стане дел од монархијата, таа ќе добие своја формална титула. Луѓето ќе ѝ се обраќаат или со Нејзиното кралско височество принцезата од Велс, или Војвотката од Сасекс.rnrnАко ве интересира нешто повеќе за Меган Маркл, прочитајте ги и нејзините 6 правила за здрав живот.