Мајсторот за торти Сју Хенг Бун создава торти кои воопшто не изгледаат како да се за јадење. Нејзините креации кои наликуваат на стакло се познати како 3Д желе торти и се направени од желатин или желе од алги. Сју користи посебни алатки за да ги инјектира шарените мотиви на чистата основа.rnrn
rnrnНејзините торти се вистински пример за уметност што се јаде. Таа ја развила својата вештина во последниве неколку години бидејќи не знаела дека постојат торти од желе до пред само 2 години.rnrn
rn
„Еден сосед на мајка ми направи и ѝ даде една. Бев воодушевена, па решив да се запишам на курс кај многу познат учител во Малезија. По неколку обиди и објави на Фејсбук и Инстаграм, луѓето почнаа да порачуваат од мене.“
rn
rnrnТаа основала свој бизнис наречен Jelly Alchemy пред една и пол година.rnrn
rnrnПа, што е потребно за овие торти? Има неколку состојки – обоено млеко (или алтернативи, како кокосово млеко), чиста основа за инјектирање на цветовите и обоена основа за комплетирање на тортата.rnrn
rnrnРазните бои на желето се загреваат до течна состојба и се инјектираат со посебни алатки. Откако ќе се завршат декоративните елементи, се додава основа со вкус за завршување на тортата.rnrn
rnrnВидот на состојките зависи од културата каде што учите да ги правите овие торти.rnrn
rn
„Во некои држави, како Мексико, чистата основа се прави со желатин. Но, во југоисточна Азија обично се користи желе од алги и шеќер. Бојата може да се направи од кои било состојки – сок, млеко со вкус и слично.“
rn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие уникатни парчиња уметност од мувла и бактерии.
