По одлично помината ноќ со непозната девојка, Насир се буди и открива дека таа е избодена до смрт и потоа е обвинет за нејзиното убиство
rn
Главни улоги: Пурнеј Џагарнатен, Сијам М. Лафи, Џон ТуртуроrnrnЖанр: криминал, драмаrnrnКреатори: Ричард Прајс, Стивен ЗаиланrnrnПремиера: 24 јуни 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за добро составена мини ТВ серија која ќе ве одведе на многу непријатни места. Додека ја гледате, ќе се чувствувате како да читате одлично напишан трилер, па затоа и без размислување можеме слободно да кажеме дека 8-те епизоди од кои таа се состои се одлично одвлекување на вниманието за време на ова лето.rnrn
rnrnПриказната се врти околу големиот животен пад на Насир Кан (Риз Ахмед), млад маж, кој е и Пакистанец и Американец. Тоа што започнува како одлично помината ноќ, со девојка која случајно ќе наиде во таксито на неговиот татко, ќе се претвори во кошмар кога Насир ќе се разбуди и ќе ја пронајде девојката брутално избодена и убиена во нејзиниот кревет.rnrn
rnrnВо оваа ТВ серија се обработуваат теми за расите, нетолеранцијата, скршениот правен систем, недовербата како и голем број други проблеми кои длабоко ќе ве замислат за начинот на кој ова човештво функционира. Токму поради тоа и оваа ТВ серија без сомнение вреди за вашето време. А ако одлучите да ја гледате, споделете го вашето мислење со нас…