КАФЕ ПАУЗА

14 одвратни работи кои секоја девојка ги прави за убавина

Девојките важат за уредни, средени личности кои секогаш изгледаат совршено. Тешко е да се поверува дека сепак девојките прават некои навистина одвратни работи кога станува збор за негата на нивното лице, хигиената на нивниот прибор за шминкање и отстранувањето на влакненцата од телото. Следуваат 14-те најодвратни работи кои секоја девојка ги направила барем еднаш и кои засекогаш ќе ви ја променат сликата за нив…rnrn14 одвратни работи кои секоја девојка ги правиrn

1. Стискаат мозолчиња иако знаат како ќе заврши тоа

rnСите девојки ги стискаат мозолчињата додека не пукнат и не се разлее гној од нив насекаде. Што е најстрашно, последиците не можат секогаш да се покријат со шминка бидејќи сте направиле рана. И сепак сите девојки го прават ова. Секогаш.rn

2. Не ги мијат четките за нанесување шминка

rnСигурно си велите „Па, што? Лицето ми е чисто кога ставам шминка, па затоа и четката сигурно е чиста.“ Но, сите многу добро знаеме дека тоа е лага. И потоа се прашуваме зошто ни се исфрлило лицето, како да не знаеме дека тоа веројатно се случило затоа што не сме ги измиле четките. Браво за нас!rn

3. Ја користат истата маскара две години затоа што уште не се потрошила

rn„Што? Треба да ја менуваме нашата маскара секои три месеци за да не се изложиме на ризик од очна инфекција? Нема шанси. Маскарата беше скапа и не можеме да си дозволиме да трошиме толку пари на маскара секои три месеци.“ Ова е рационалното објаснување во главата на секоја девојка.rn

4. Ја поправаат шминката на очите со помош на прст и плунка како да нема други опции

rnСигурно имате влажни марамчиња дома, но дали ќе станете да земете за да ја поправите шминката како секоја возрасна жена? Нема шанси. Зошто кога плунката функционира одлично?!rn

5. Го отстрануваат лакот со чепкање на ноктите

rnБаш во моментов немате ацетон, а и онака половина од лакот е веќе изваден. А ова е одличен начин да го поминете времето на работа кога ви е здодевно. Плус, на бирото имате оставено еден тажен куп остатоци од лак како потсетник на тоа колку сте одвратни.rn

6. Откако случајно ќе истурат повеќе пудра отколку што требало, ја бришат од раката и ја враќаат во шишенцето

rnЕдинствено поодвратно од ова е ако истурите пудра на лавабото или подот и ја вратите назад, затоа што е многу скапа, па што има врска?! Ију!rn

7. Се обидуваат да ги исчистат порите на носот со тоа што силно го стискаат

rnНе само што ова нема никаков ефект, туку и носот е екстремно црвен потоа. А зошто е црвен? Затоа што вашиот нос ве предупредува да користите лента за чистење пори наредниот пат. Имате такви ленти во фиоката, не се преправајте дека не знаете каде се.rnrn(2) 14-odvratni-raboti-koi-sekoja-devojka-gi-pravi-kafepauza.mkrn

8. Чуваат кутиче со испокршена камена пудра која се истура насекаде секогаш кога ќе го отворат

rnЗатоа што полесно е да ја чистите пудрата од вашите црни фармерки отколку да набавите ново кутиче.rn

9. Ја лизнуваат четката за нанесување креон затоа што ги мрзи да ја намократ

rnТехнички си го лизнувате вашето око одново и одново. Прекрасно!rn

10. Спијат со шминка

rnНајчестиот совет за убавина кој можете да го прочитате во секое можно списание е да не спиете со шминка. И вие си велите „Да, да, знам“ и потоа сепак го правите тоа. Не само што е одвратно, туку и нема шанси потоа да ја извадите маскарата од белата навлака за перница. Зошто го правите тоа?rn

11. Го делат креонот со пријателката без претходно да го исчистат

rnПостојано се убедувате себеси дека на овој начин не се шират бактерии, затоа што добро ја познавате и многу ја сакате вашата пријателка. Како пријателството да може да ги убие бактериите на шминката.rn

12. Пробуваат тестери за шминка иако знаат дека ги пробале уште 3.000 други луѓе

rnСигурно постојано се убедувате себеси дека баш тој креон го пробале луѓе кои биле екстремно чисти и нема шанси да ви пренесат некоја инфекција. А веднаш потоа, наредните неколку часа се плашите дека ќе ги изгубите очите затоа што креонот бил заразен со неизлечива болест.rn

13. Ги користат прстите како четка за нанесување руж

rnЌе сфатите дека ова е ужасна идеја веднаш штом се погледнете во огледало и забележите дека изгледате како 2-годишно дете кое само се нашминкало.rn

14. Кога ќе забележат дека пропуштиле некое влакненце при бричењето, самите го искорнуваат со раце

rnПризнајте дека не избирате ниту време, ниту место за да го направите ова!