КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Марчела (Marcella)

Откако нејзиниот брак ќе се распадне, таа се враќа назад на работа, како детектив во потрага по сериски убиец

rn(1) ТВ серија: Марчела (Marcella)Главни улоги: Ана Фриел, Реј Пантаки, Нина СосањаrnrnЖанр: криминал, драма, трилерrnrnКреатор: Ханс РосенфелтrnrnПремиера: 4 април 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПрвата сцена започнува со жена во када. Таа е со модрици и збунета, крвава. Ако добро го забележите нејзиниот лик, ќе дојдете до заклучок дека таа не знае ништо повеќе од нас за тоа што се случило. Набрзо приказната нè враќа неколку недели наназад и веднаш сфаќаме дека жената во кадата е всушност главната улога во ТВ серијата – Марчела (Ана Фриел). И како што настаните продолжуваат, така сцената со кадата ќе станува сè поамбивалентна. Едноставно нема да можете да не се запрашате дали Марчела е жртва на кривично дело или пак, сторителот?rnrn(2) ТВ серија: Марчела (Marcella)rnrnПред таа да се најде крвава во кадата, откриваме дека е сопруга и мајка, која се откажала од детективската кариера пред една декада за да може да се посвети на своето семејство. Но, нештата многу брзо ќе се сменат. По многу години во брак, нејзиниот сопруг ја напушта. Брзо потоа, еден од детективите со кои порано работела, ќе тропне на нејзината врата, барајќи помош за серија убиства со гушење, слични на оние на кои таа работела пред да ја напушти работата.rnrn(3) ТВ серија: Марчела (Marcella)rnrnИ покрај тоа што имало главен осомничен, никој не бил осуден за овие злосторства кои одеднаш прекинале. Но, изгледа истиот убиец повторно се враќа во акција, бидејќи сцените кои ги остава зад себе се идентични на оние во минатото. Марчела веднаш се насочува кон тогашниот главен осомничен, но се насобираат многу докази кои водат во сосема спротивна насока. Дали таа е во право или пак, греши, само времето ќе ни покаже.rnrn(5) ТВ серија: Марчела (Marcella)rnrnИмајќи го сè ова на ум, оваа ТВ серија не обработува само една потрага по убиец. Приказната е многу покомплицирана и како што ќе поминуваат минутите, така ќе сфаќате дека всушност многу споредни нешта кои се случуваат во позадината влијаат на главните настани. Исто така сè би било помалку комплицирано ако Марчела беше сосема обична детективка, на која сите ние можеме да ѝ веруваме. Што значи тоа? Па, кога е под дејство на екстремен стрес, таа целосно се исклучува и станува склона на насилство кое најчесто не го помни (ниту пак ние имаме можност да го видиме, со исклучок на неколку кратки и нејасни сцени).rnrn(4) ТВ серија: Марчела (Marcella)rnrnОвие дупки во приказната оставаат многу прашања неодговорени. Таа работи на случајот со серискиот убиец, но паралелно се обидува да ја реши и мистеријата зад своите исклучувања. Дали и таа направила нешто непростливо или пак, само се нашла во погрешно време на погрешно место? Приказната ќе ве држи во неизвесност до самиот крај, поради што и ако сакате мистерии, ќе бидете задоволни од тоа што го гледате!rnrn(6) ТВ серија: Марчела (Marcella)