Сè повеќе парови се одлучуваат својата летна свадба да ја направат на отворено во природа, наместо во ресторан. Иако се чини дека ваквиот тип венчавка бара многу повеќе работа и планирање, тоа сепак не мора да биде случај. Доколку планирате да правите венчавка од ваков тип, морате на ум да имате неколку работи, но најважно е да бидете едноставни и максимално да го искористите просторот.rnrn
rn
Искористете го она што ви го нуди природата
rnЗа ваква венчавка не ви се потребни многу украсни детали, туку треба да внимавате целокупната декорација да биде во склад со природата. Тоа ви остава многу простор да бидете креативни. На пример, зеленилото и цвеќињата околу вас се доволна декорација сами по себе, па потрудете се столчињата, масите и останатиот ентериер да бидат во ист природен стил.rn
Размислете убаво за просторот
rnСè што треба е да најдете погодно и пристапно место. Шаторите и тендите се одлично решение за која било локација на отворено, бидејќи се лесно преносливи и брзо се монтираат. Нивното изнајмување ќе ве чини многу помалку отколку изнајмување ресторан или сала. Исто така и нив можете лесно да ги декорирате.rn
Најважна е удобноста
rnНормално, доколку се одлучите за ваков тип свадба, мора да внимавате на комфорот на гостите. Секогаш треба да имате план Б, доколку се расипе времето или пак доколку сонцето е пресилно. Исто така внимавајте во близина да има објект во кој ќе може да се користи тоалетот.rn
Идеи за организација и декорација
rnОва се само неколку идеи кои можат да ви послужат како инспирација, за креативно да се посветите вашата свадба да изгледа како од бајките.rnrn








rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
