Почетоците на владеењето на кралицата Елизабета II во Велика Британија
rn
Главни улоги: Клер Фој, Мет Смит, Ванеса Кирби, Џон ЛитгоуrnrnЖанр: драма, историјаrnrnКреатор: Питер МорганrnrnПремиера: 04 ноември 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВо последно време ретко можеме да наидеме на ТВ серија што не е исполнета само со површни ликови, празна акција и експлицитни сцени. Тоа е и една од причините зошто голем дел од новите приказни на малите екрани не се задржуваат долго, па брзо завршуваат – луѓето едноставно се заситија од моменталното задоволство што го предизвикуваат овие „брзи“ сцени за кои не е потребно многу напор да се следат. Да, тие се одлични за да го одморите малку мозокот и да му дозволите на времето околу вас да помине побрзо, но по некоја епизода тој ефект исчезнува и заинтересираноста избледува.rnrn
rnrnИмајќи го ова на ум, ако сте во потрага по впечатлива приказна, исполнета со богати ликови интерпретирани од страна на талентирани актери и секако, инспирирана од вистински настани, тогаш без сомнение сте на вистинското место. Дејството на оваа приказна почнува во Велика Британија, за време на 40-тите години, односно ни го покажува преминот на Елизабета II од тивка принцеза во моќна кралица. Првата епизода ни ја покажува свадбата на Елизабета (Клер Фој) и Филип (Мет Смит) и оттаму полека нè води кон настаните што доведуваат таа да ја наследи круната од својот татко, Џорџ VI (Џаред Харис).rnrn
rnrnНеверојатното сценарио ни го открива приватниот пат на Кралицата, оној што малкумина имале можност да го видат. Тоа е толку маестрално напишано, што нема да можете да го оттргнете погледот од екранот додека не ја дознаете целата приказна. Не можеме да бидеме сигурни дали сите настани се вистинити (во овој жанр често се менуваат одредени ситуации со цел да се постигне поголем ефект кај публиката), но тоа нема да ве спречи да уживате зад затворените врати на Бакингемската палата, во свет исполнет со моќ и привилегија каде што лидерите на империјата чекаат…
