КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Џесика Џоунс (Jessica Jones)

Поранешна суперхеројка започнува со својот живот од почеток така што станува приватен детектив

rn(1) ТВ серија: Џесика Џоунс (Jessica Jones)Главни улоги: Кристен Ритер, Рејчел Тејлор, Ека ДарвилrnrnЖанр: акција, криминал, драмаrnrnКреатор: Мелиса РоузенбергrnrnПремиера: 20 ноември 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЏесика Џоунс, уште една суперхеројка од стриповите, е втората по ред ТВ серија која имаме можност да ја видиме од соработката помеѓу Марвел и Нетфликс. Доколку веќе сте имале можност да ја гледате Дердевил, тогаш веќе знаете дека станува збор за уште една темна и крвава серија, исполнета со многу насилство и интензивни сцени кои нема да им се допаднат на оние кои не се навикнати да гледаат ваков вид приказни.rnrn(2) ТВ серија: Џесика Џоунс (Jessica Jones) (3) ТВ серија: Џесика Џоунс (Jessica Jones)rnrnКристен Ритер ја има улогата на Џесика Џоунс, приватна детективка со многу темно минато. Таа има неколку дарби кои ја прават дел од елитната група херои, како на пример, супер сила, огромна издржливост и делумна способност за летање. Но, нејзината најголема дарба е решавањето мистерии и наоѓањето на темнината во луѓето. Бидејќи живее во Њујорк, градот кој никогаш не спие и во кој владеат измамници, убијци и зависници, таа многу лесно може да ја заврши својата работа.rnrn(5) ТВ серија: Џесика Џоунс (Jessica Jones) (4) ТВ серија: Џесика Џоунс (Jessica Jones)rnrnНо, оваа ТВ серија е многу повеќе од борба против криминалот. Во неа има голем број детално разработени ликови со богата историја, па токму затоа и приказната е многу позастрашувачка на лично ниво. За разлика од другите суперхерои, Џесика Џоунс се бори против злоупотребата. Со секоја нова епизода вие откривате повеќе за нејзиното минато и за траумата која ја доживеала како и вината со која секојдневно се соочува. Токму поради тоа и оваа ТВ серија значително се издвојува од сите оние кои спаѓаат во овој жанр…