Мистериозно убиство на 11-годишна возраст и враќање во истата средина 5 години подоцнаrnrn
Главни улоги: Аван Џогија, Кимберли Квин, Денис Ричардс, Меди Хасон, Кајли БанбариrnrnЖанр: тинејџерска мистерија, трилерrnrnКреатор: Адам МилчrnrnПремиера: 11 јуни 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rn„Twisted“ е нова американска тин-драма која се емитува на каналот ABC Family во вторник. Жанровски се работи за комбинација од мистерија и трилер, а многу потсетува на „Pretty Little Liars“, заради напнатоста како резултат на непознатото, размислувањата и акциите кои ги преземаат протагонистите, а не заради сличност во приказната.
Дени е харизматично момче на 16-годшина возраст кое после 5 години се враќа во училиштето од каде заминало заради убиството кое го извршило врз неговата тетка. Обидувајќи се да се ресоцијализира наидува на голем отпор од неговите врсници, кои го нарекуваат социо (од социопат). Во моментот кога се случил немилиот настан од минатото, со него биле двете негови другарки Џо и Лејси со кои му е особено важно да се зближи повторно.
Џо многу бргу почнува да му верува и го прифаќа, дури и се обидува да најде начин да му помогне, додека Лејси, која го оставила стариот живот зад себе и изградила имиџ во училиштето едвај се согласува да разговара со него.rnrnОд случката од минатото не се развива приказната во серијата, туку од ненадејното убиство на една од соученичките од училиштето, за кое, очекувано, главен осомничен е Дени.
Мајката на Дени, која и самата порано била популарна во соседството од сè срце сака му помогне на својот син, но често излегува дека го прави спротивното. Дополнителна отежнувачка околност е тоа што таткото на Џо е полициски шериф во градот.
Никој не знае зошто Дени го направил грозоморниот чин пред 5 години, ниту пак тој смее да каже. Не знаеме ниту кој и зошто ја убил девојката од училиштето, како и дали Дени е виновен за тоа или не.rnrnСеријата ветува свежа приказна за љубителите на мистеријата. Да се надеваме дека ова нема да биде уште една растегната приказна која од недела во недела ќе станува сè потешко да се следи.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
