„Државна секретарка“, нова серија на Си-би-ес, во САД премиерно е прикажана на 21 септември, а од 19 октомври ексклузивно е достапна на Pickbox, регионалната интернет телевизија, во рубриката Hotbox. Со ова Pickbox за своите корисници обезбеди ексклузивна можност за следење на најгледаните американски серии само 24 часа по Америка, и тоа шест месеци пред која било друга телевизија да може да го емитува новиот телевизиски хит на Морган Фримен.rn
Улоги:
rnТеа Лиони (Елизабет Адамс Мекорд)rnrnТим Дејли (Хенри Мекорд)rnrnБебе Нојвирт (Нејдин Толивер)rnrnЖељко Иванек (Расел Џексон)rnrnПатина Милер (Дејзи Грант)rnrnЕрих Берген (Блејк Моран)rnrnЏефри Аренд (Мат Махони)rnrnКетрин Херцер (Елисон Мекорд)rnrnИван Роу (Џејсон Мекорд)rnrnОскаровецот Морган Фримен, еден од десетте најдобро платени актери, има култен статус во филмската индустрија. Како извршен продуцент на серијата, бил одговорен во неа да се појават најеминентни актери, а бидејќи со Теа Лиони се има запознаено на снимањето на филмот „Длабок удар“ (Deep Impact), во кој тој го играше претседателот Бек, а Лиони му беше партнерка, изборот на главната актерка за серијата не бил тежок. Со актерската екипа што ја собрал во серијата, се надева дека таа ќе го повтори успехот на „Западното крило“ (West Wing).rnrnrnrnТеа Лиони во улогата на Елизабет Мекорд, смелата и решителна новоизбрана министерка за надворешни работи на најмоќната држава на светот, во серијата „Државна секретарка“ е попаметна, побрза и похрабра од сите што се околу неа и спасува надворешно политички кризи една по друга. Како и секоја современа жена, Елизабет е распната меѓу работата и семејството, додека соработниците постојано ја проверуваат и се сомневаат во секоја нејзина одлука.rnrn
rnrnВо непријателска средина на работа, каде што секој соработник има некоја скриена намера, министерката Мекорд секогаш успева да ја задржи смиреноста и не влегува во расправии.rnrnВо ликот на Елизабет, американските гледачи препознаа романизирана Хилари Клинтон, но за разлика од неа, Елизабет не само што не ја интересира претседателската функција – таа не сакала ни да биде шефица на дипломатијата. Елизабет е поранешна аналитичарка на ЦИА која станала универзитетска професорка и со мажот, исто универзитетски професор, живее на фарма за коњи со двајца тинејџери. Таа ја напуштила работата во ЦИА од етички причини, со што покажала дека е, всушност, најмалку подобна за работа во политиката.rnrn
rnrnСрце на серијата е брачниот однос на двојката Мекорд, а авторите тврдат дека нивниот однос ќе функционира одлично во текот на целата серија затоа што има премногу серии кои покажуваат дека за жените е невозможно да имаат и успешна кариера и складен брак. Авторката на серијата, Барбара Хол („Татковина“, „Судијката Ејми“, „Чикаго Хоуп“) вели дека е важно да се разбие тој стеротип, според кој жена со успешна кариера не може да биде среќна и приватно.rnrn
rnrn„Државна секретарка“ го следи новиот телевизиски тренд во кој главните улоги ги имаат јаки жени во политиката. Пред само пет години единствена серија за жена во политиката беше „Добра жена“, која ја следи приказната на жена на гувернер прељубник, а денес има сѐ повеќе хероини што ја кројат светската политика и решаваат глобални кризни ситуации во ударните телевизиски термини.rnrnНовата серија на Си-би-ес, „Државна секретарка“, со 12,66 милиони гледачи во Америка, ја надмина дури и „Добра жена“ според гледаноста – неа ја гледаа 11,2 милиони Американци.rn
ЗНАЕТЕ ЛИ ДЕКА:
rn
Медлин Олбрајт била искористена како инспирација за улогата
rnПодготвувајќи ја улогата на министерка за надворешни работи што многумина во Америка ја поврзуваат со Хилари Родам Клинтон, Теа Лиони всушност се советувала со Медлин Олбрајт, добра пријателка на Тим Дејли, којшто го игра мажот на Елизабет, Хенри Мекорд.rnrn
rnrnМедлин Олбрајт, министерката за надворешни работи во време на претседателот Клинтон, а истовремено и првата жена на таа функција во историјата на САД, беше меѓу гостите на премиерното прикажување во Вашингтон на 19 септември, учествуваше во фотографирањето со екипата на серијата и изјави дека се радува што почнале да снимаат серии кои покажуваат како функционираат државните институции, и покрај тоа што некои ситуации на телевизија се малку претерани.rnrnТим Дејли со години бил придружник на Медлин Олбрајт за службената гала вечера на дописниците од Белата куќа, на која секоја последна сабота во април присуствуваат претседателот и потпретседателот на САД, па така станале добри пријатели. Дејли откри дека поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт многу добро ги познава најдобрите ресторани во светот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.