5 растенија што ќе успеат дури и ако ги запоставите

Сподели

Кога станува збор за одгледувањето растенија, некои луѓе немаат време да се справат нив, а некои ќе речат дека едноставно не се талентирани. За среќа, постојат растенија на кои не им е потребно ниту време, ниту внимание за да успеат.rn

Реклама

1. Замија

rnНа замијата не ѝ треба многу вода или светлина и нема да ја пресадувате често – веројатно на секои две или три години.rn

2. Сансеверија

rnОва растение може да преживее без вода долго време и расте многу бавно. Произведува само еден или два нови лисја по сезоната на растење.rn

3. Аспидистра

rnАспидистрата била омилено растение во Викторијанската ера поради својата способност да напредува во екстремно лоши услови во домовите од средната класа.

По потекло е од Кина и има темнозелени лисја кои растат исправено и достигнуваат висина од приближно 70 сантиметри.rn

4. Драцена

rnДрацената е растение што расте бавно и добро ја поднесува сушата. Лесно и брзо се приспособува на животот во затворен простор и нема да ви замери ако понекогаш заборавите да ја наводнете.rn

5. Аглаонема

rnПокрај тоа што е исклучително издржливо, ова растение и бавно расте. Неговите лисја, во зависност од видот, можат да бидат од бели до зелени и црвени. Кога се грижите за аглоанемата, следете едно едноставно правило – колку се посветли нијансите на лисјата, толку повеќе ѝ треба светлина.

Прочитајте кои видови цвеќиња цветаат во текот на целото лето.

Популарно

Може ќе ве интересира