КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: 8 сетила (Sense8)

8 градови, 8 личности, 1 поврзаност…

rn(1) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)Главни улоги: Мигел Анхел Силвестер, Дуна Беј, Џејми Клејтон, Тина Десаи, Брајан Џ. Смит, Тапенс Мидлтон, Макс Римелт, Амл АминrnrnЖанр: драма, научна фантастикаrnrnКреатори: Енди и Лана ВачаускиrnrnПремиера: 5 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnМожеме слободно да кажеме дека во последниве неколку години Нетфликс целосно ги подигнаа стандардите за ТВ серии. Тие ни претставуваат нови приказни, кои малку отстапуваат од добро познатата Холивуд шема, па токму затоа и создаваат уникатни серии кои целосно го привлекуваат нашето внимание. „Sense8“ е една од нив.rnrn(2) ТВ серија: 8 сетила (Sense8) (3) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)rnrnНајпрво да ве предупредиме, кај оваа серија, како и кај сите други од Нетфликс, епизодите траат по 1 час. Но, бидејќи станува збор за драма, не очекувајте премногу акција. Приказната е целосно насочена кон запознавање и развивање на ликовите, па токму затоа и дејството се одвива премногу бавно. Но, тоа не значи дека таа не вреди да се гледа. Баш напротив.rnrn(4) ТВ серија: 8 сетила (Sense8) (5) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)rnrnПриказната се врти околу 8 ликови, во 8 различни градови. Тие одеднаш и без никакво предупредување ќе бидат поврзани со еден вид телепатска конекција, па токму затоа и на почетокот секој од нив ќе мисли дека полудува и халуцинира. Но, како што ќе поминува времето така тие сè повеќе ќе сфаќаат дека се поврзани со вистински луѓе…rnrn(6) ТВ серија: 8 сетила (Sense8) (7) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)rnrnОваа необична поврзаност ги носи ликовите во нови и непознати градови, без притоа да ја напуштат својата земја, додека истовремено им дава пристап и до нивните лични способности, како поседување различни знаења, познавање јазици, боречки вештини… Но, она што е најинтересно е фактот што секој од нив може да биде на две места одеднаш, истражувајќи ги и најдалечните агли во светот. Но, тие ќе мора да научат како да ги користат овие способности со цел да преживеат во овој свет каде што на секој чекор демне нова и застрашувачка опасност…