Изгледа април ќе биде возбудлив месец за љубителите на блокбастерите, бидејќи тие ќе имаат можност конечно да ги гледаат Брзи и бесни 8 (Fast & Furious 8) и Чувари на галаксијата 2 (Guardians of the Galaxy Vol. 2). Но ова не се единствените жанрови што ќе имаме можност да ги видиме во текот на овој месец… Покрај акцијата и научната фантастика, со овој месец ќе владеат и комедијата и трилерот… Погледнете кои наслови нè очекуваат во следниве неколку недели!rnrn
rn
Бебето шеф (The Boss Baby) – 1 април
rnКако првоаприлска шега, оваа анимирана комедија ги освои срцата на сите љубители на анимираната комедија ширум светот. Алек Болдвин го позајмува гласот на бебе што е тајно извршен директор на корпорацијата за бебиња и заедно со својот 7-годишен постар брат се борат против злобната корпорација на кутриња што се обидува да ја наруши рамнотежата помеѓу љубовта и неодоливоста.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Gq5qfM2J3TYrn
Во голем стил (Going in Style) – 7 април
rnМорган Фриман, Мајкл Кејн и Алан Аркин формираат тим од 80-годишни ограбувачи на банки во оваа комедија и сатира од режисерот Зек Браф. Со харизматична група актери, оваа приказна малку наликува на Италијанска работа (The Italian Job), и без сомнение се очекува да биде најголемата комедија на месецот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Ii3fdF_CAhQrn
Брзи и бесни 8 (Fast and Furious 8) – 7 април
rnИли попознат како Судбината на бесните (The Fate of the Furious) е најновото продолжение на брзите авантури на Доминик (Вин Дизел) каде што тој е принуден да работи против своето семејство од страна на мистериозната Сајфер (Шарлиз Терон). Станува збор за уште еден филм исполнет со акција и неверојатни ефекти!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=NxhEZG0k9_wrn
Незаборавно (Unforgettable) – 21 април
rnКатерин Хеигл ја глуми Теса Коновер, која едвај се справува со крајот на нејзиниот брак кога бившиот сопруг, Дејвид (Џеф Стултс), ќе ја побара за сопруга Џулија Банкс (Росарио Досон). Тој не само што ќе донесе Џулија во домот што тие го делеле, туку ќе почне да ја вклучува во нивната врска и ќерка им, Лили (Изабела Рајс). Додека се обидува да се адаптира на својата нова улога како сопруга и маќеа, Џулија верува дека конечно го сретнала мажот на нејзините соништа – оној што ќе ѝ помогне да го остави тешкото минато зад себе. Но, љубомората на Теса преминува во патолошка и таа ќе направи сè што може за да го претвори сонот на Џулија во кошмар.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=vYpYykaPo7Arn
Чувари на галаксијата 2 (Guardians of the Galaxy Vol. 2) – 28 април
rnНајлудите херои од светот на Марвел повторно се враќаат на големото платно за да го спасат универзумот од уште една закана за уништување. По неверојатниот успех во 2014 година на првиот дел, легендарните Стар-Лорд, Гамора, Дракс, Рокет и Бејби Грут во комбинација со новодојдената Мантис и поранешните непријатели Јонду и Небјула, ќе се соочат со космичка божица и ќе ја откријат вистината на мистериозниот татко на Стар-Лорд (што го игра Курт Расел). Станува збор за уште еден епски научно фантастичен филм за суперхерои со одличен саундтрак од 80-тите.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=71aVUEPMP6Q