Денот на вљубените е навистина чуден празник. Никој нема да ви каже ништо ако решите да не го славите Божиќ или Велигден, но со овој празник приказната е друга. Бидејќи Денот на вљубените ги истакнува нашите љубовни животи, многу луѓе чувствуваат притисок дека треба да го скријат нивното вистинско мислење за овој ден. Па, ако сакате да знаете што некој мисли за овој празник, можеби астрологијата ќе ви помогне во тоа.rnrn
rn
Овен: Се надеваат дека ќе му подарите искуство
rnЖелбата на Овните за авантура постои и на Денот на вљубените. Овие луѓе сакаат нови искуства наместо традиционални подароци. Па, оставете ги кутиите во форма на срце и сентименталните картички дома.rn
Бик: Не сакаат премногу внимание
rnДевојките Бикови сакаат да го прославуваат Денот на вљубените, сè додека не претерате. Големите љубовни гестови се добри, но за нив поважна е личната поврзаност.rn
Близнаци: Прифаќаат сè
rnНајдобрата одлика на Близнаците е нивната способност за прилагодување. Тие ќе прифатат каков било предлог, па дури и да го прескокнете прославувањето. Едноставно не го сфаќаат Денот на вљубените премногу сериозно и не знаат зошто се крева толкава врева околу него.rn
Рак: Се надеваат на вистинско прославување
rnЕмоционалниот знак тајно се надева на вистинско прославување на овој празник. Тие сакаат балони во форма на срце, ливчиња од рози и чоколадо.rn
Лав: Планираат нешто посебно
rnЛавовите се познати по нивната верност и љубов, па Денот на вљубените го гледаат како можност да ги покажат тие чувства. Наместо да чекаат од партнерот, голема е веројатноста тие да испланираат нешто.rn
Девица: Мислат дека е најдобро да си ги зачувате парите
rnЗа практичните Девици е сосема во ред да не го прослават празникот. Не гледаат причина зошто да трошите пари на цвеќе кое на крајот секако ќе овене.rn
Вага: Очекува изненадување
rnВагите го следат своето срце, па без разлика дали признаваат или не, Денот на вљубените е важен празник за нив. Навистина се надеваат на изненадување или на некој романтичен гест.rn
Скорпија: Попрво би го поминале денот во кревет
rnСтрасните Скорпии не го презираат овој празник, но радо би го поминале на грб… и во неколку други интересни позиции.rn
Стрелец: Возбудени за прославување со партнерот
rnОптимистичните и забавни Стрелци не се „луди“ по романтиката на Денот на вљубените, но ја ценат можноста да го поминат денот со оние кои ги сакаат, без разлика дали тоа е партнерот или пријателите.rn
Јарец: Мислат дека Денот на вљубените е заговор
rnЈарците се убедени дека овој празник е создаден за трошење пари. Па, баш и не сакаат да го прославуваат. Во ред е да ги однесете на вечера, но не очекувајте да се израдуваат на кадифеното мече.rn
Водолија: Повеќе би сакале да го прослават „Денот на пријателите“
rnНе дека Водолиите не уживаат во романтиката, но тоа едноставно не е нешто за нив. Сепак, никогаш нема да одбијат прилика за прослава со пријателите. Па, на 14-ти февруари повеќе сакаат да го прослават Денот на пријателите.rn
Риби: Сакаат да даваат подароци
rnНикој нема несебично срце колку Рибите кои навистина го сакаат Денот на вљубените. Омилениот дел им се подароците, но не оние што ќе ги добијат, туку оние што тие ќе ги подарат. Истото важи и за сите други празници и прослави каде што се вклучени дарувања.rnrnДознајте и кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак.
