rn
4. Мистериите на Лаура (The mysteries of Laura)
rnВие навистина ќе се обидувате да ја сакате оваа ТВ серија поради Дебра Месинг (Вил и Грејс), но колку и да се трудите едноставно нема да можете да го постигнете тоа. Нејзиниот лик е детективка од Њујорк која работи во одделот за убиства. Таа исто така е и самохрана мајка која се грижи за 2 невоспитани близнаци. Бидејќи станува збор за комедија, криминалните сцени се едноставно премногу вештачки. Од друга страна пак, однесувањето на нејзините деца кое би требало да биде комично е повеќе навредливо отколку смешно.

