Оваа шолја е одличен предмет со кој момците можат да ја тестираат подготвеноста на нивните девојки за брак. Спакувана во голема кутија за накит, кога ќе се отпакува се гледа само блескавиот прстен, кој е всушност рачката на шолјата. Основната верзија на шолјата е направена од бел порцелан, а рачката може да биде во златна или во сребрена варијанта, украсена со Сваровски кристали.rnrn
rnrnШолјата 2 Carat Cup можете да ја носите на својот прст, додека истовремено ја користите за пиење кафе. Дизајнирана е од јапонскиот дизајнер Јуске Фуџинума, а може да се нарача од многу сајтови на интернет.rnrn
rnrnШолјата сега ја има во многу различни бои, почнувајќи од платинум црна, па сè до пастелните виолетова, светлосина, мастило сина и розова.rnrn

rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.