rn
3. Вирусот (The Strain)
rnОваа ТВ серија дефинитивно не е за секого. Експлицитните и нападни сцени ќе ве остават без зборови и ќе ве натераат да се запрашате каде исчезнаа границите. Целта на ТВ сериите и филмовите е да нè забавуваат, а не да нè згрозат и изгледа дека ова е нешто што Холивуд во последно време често го заборава. Приказната се врти околу докторот Гудведер, кој работи во центарот за заштита од болести во Њујорк. Неговиот тим ќе истражува мистериозна епидемија на антички вирус кој ги претвора луѓето во еден вид вампири.

