КАФЕ ПАУЗА

Невозможна мисија: Одметници (Mission: Impossible – Rogue Nation)

Written by

in

,
Итан Хант тргнува во потрага по Синдикатот, во најневозможната мисија досега!

rn(1) Невозможна мисија: Одметници (Mission: Impossible - Rogue Nation)Режија: Кристофер МеквариrnrnУлоги: Том Крус, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Џереми РенерrnrnВреметраење: 131 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 30 јули 2015rnrnЖанр: акција, авантура, трилерrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАко треба да ги рангираме филмовите од серијата „Невозможна мисија“ без сомнение би кажале дека овој дел е еден од најдобрите досега. Приказната е одлично обработена, а мисијата и покрај тоа што на прв поглед делува невозможно, сепак реализацијата е и повеќе од совршена. Итан Хант повторно успева да нè воодушеви, како и да нè увери дека светот е безбеден во неговите раце.rnrn(2) Невозможна мисија: Одметници (Mission: Impossible - Rogue Nation)rnrnПриказната започнува со распуштање на единицата ИМФ поради нивните несекојдневни методи за работа кои ЦИА смета дека носат повеќе штета отколку добро. Токму затоа и агентите ќе бидат отповикани, а оние кои ќе решат да останат ќе продолжат да работат во рамките на ЦИА. Но, бидејќи Итан е на само еден чекор од разоткривање на организацијата Синдикат, тој ќе реши да ги игнорира наредбите, станувајќи одметник.rnrn(3) Невозможна мисија: Одметници (Mission: Impossible - Rogue Nation)rnrnОна што го одделува овој филм од останатите е фактот што Том Круз не користи каскадери, ниту пак сака дигитална обработка на опасните сцени, па токму затоа сè што ќе видите во филмот, како стоењето на крилото од авионот во лет, возењето автомобили, мотори и нуркањето, е реално. Тоа ги прави овие сцени уникатни и го задржуваат контактот со публиката, правејќи го целото доживување многу поавтентично од останатите.rnrn(4) Невозможна мисија: Одметници (Mission: Impossible - Rogue Nation)