Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии

Сподели

rn

Реклама

Саурон, Господарот на Прстените (The Lord of the Rings)

rnСаурон не е само злобна личност, туку самото Зло. Тој е недопирливото, но сеприсутното зло кое се заканува дека сите ќе ги привлече кон темнината, па дури и веселите, мали хобити.

Најнезаборавен злобен потег: Неговото единствено хоби е владеењето со сѐ што постои и што ќе постои на светот.rn

Реклама

Агентот Смит, Матрикс (The Matrix)

rnДигиталната антитела во Матрикс е еден вид хибрид од големите корпорации и државата, како Волкот од Вол Стрит да се приклучил на Тајната Служба. Хуго Вивинг е смирен тип во костум, програма која ги мрази своите господари, подеднакво колку што ги мрази и луѓето кои ги убива.

Најнезаборавен злобен потег: Неговата репликација низ целиот дигитален свет.rn

Магнето, Икс-Мен (X-Men)

rnБез разлика дали го игра силниот Мајкл Фасбендер или мистериозниот Сер Јан МекКелен, воинствениот мутант е одличен пример како секој негативец за себе претставува херој.

Реклама

Најнезаборавен злобен потег: Секогаш кога ќе го изневери Професорот Х, неговиот пријател кој никогаш не престанува да верува дека Магнето може да биде добар, иако многупати го покажал спротивното.rn

Кралот Џофри, Игра на тронови (Game of Thrones)

rnРазгалено дете, производ на инцест, со нечовечка амбиција, Џофри Баратион никогаш не научи што е добро и секогаш уживаше во лошото.

Најнезаборавен злобен потег: Отсекувањето на главата на Нед Старк? Тоа е злобно. Пред очите на неговата ќерка? Тоа е злобно. А ќерката е неговата идна невеста? Монструозно.rn

Вилијам „Бил Касапот“ Катинг, Бандите на Њујорк (Gangs of New York)

rnДаниел Деј Луис го толкува Бил Касапот – убиец, криминалец, пријател со корумпираните политичари, непријател на сите емигранти – кој се завиткуваше во американското знаме и се присетуваше со огромно задоволство на најдобриот човек кој го убил.

Најнезаборавен злобен цитат: „Ќе умрам како вистински американец.“rn

Бејн, Подемот на мрачниот витез (The Dark Knight Rises)

rnТерорист, анархист, контрареволуционер, филозофски фанатик. Бетменовиот маскиран противник е спој од сето она што со генерации ја загрижува националната безбедност.

Најнезаборавен злобен потег: Уништувањето на мостовите кои го поврзуваат Готам со копното.rn

Алонзо Харис, Ден за обука (Training Day)

rnОд моментот кога корумпираниот полицаец кој го игра Дензел Вашингтон го принудува Итан Хоук да зема ПЦП дрога, е јасно дека Детективот Харис одамна ја поминал линијата помеѓу доброто и злото.

Најнезаборавен злобен цитат: „Кинг Конг нема ништо за мене.“rn

Вербал Кинг/Кајзер Созе, Дежурни виновници (The Usual Suspects)

rnНајголемиот трик на ѓаволот е тоа што го убедил светот дека не постои, а најдобриот трик на Кевин Спејси е тоа што ја убеди публиката дека тој е губитник, а не озогласен криминален ум.

Најнезаборавен злобен цитат: „И едноставно, тој исчезна.“

Продолжете на следната страна за да ги откриете и останатите негативци…

Најново

Може ќе ве интересира