Рускиот артист Анатолиј Вујаткин инсталирал огромна копија на кирилската QWERTY тастатура во земја, изработена од 86 камени тули, а од кои секоја тежи по 453 кг. Споменикот-тастатура, кој во некои кругови го нарекуваат и „Клаудија“, претставува трајна надворешна скулптура, лоцирана во Екатеринбург, Русија, каде воедно претставува и значајна туристичка атракција.
Споменикот, којшто бил дизајниран со цел да се вметне дел од технологијата во природниот пејзаж, има идеја да ги натера минувачите на интеракција со него. Пешаците кога ќе се најдат во близина на џиновската тастатура, честопати потскокнуваат од едно на друго „копче“, и покрај тоа што нивното „притискање“ не му дава команди на ниеден компјутер. 
Инсталацијата претставува една своевидна форма на уметност, која го отсликува денешниот начин на живеење. Ќе биде интересно да се види како идните генерации ќе го перципираат овој споменик, кога тастатурите веќе нема да се користат и технологијата ќе биде далеку понапредна.

rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
