rn
7. Само храбрите (Only the Brave)
rn
rnrnОва е прекрасна драма со одличен развој на ликовите. Филмот е базиран на вистинска приказна и раскажува за група елитни пожарникари. Тие ризикуваат сè за да заштитат еден град од пожар.rn
8. Печатот (The Post)
rn
rnrnОвој филм е трилер, но и лекција по историја. Ни ја раскажува приказната за Вашингтон пост и дилемата за тоа дали да ризикуваат и да објават „протечени“ документи од Пентагон.rn
9. Формата на водата (The Shape of Water)
rn
rnrnОва е приказна за нема чистачка која се вљубува во човекот водоземец од една лабораторија. Филмот е како Убавицата и ѕверот за време на Студената војна. Приказната е за отпадник и е раскажана преку нејзините очи. Филмот детално прикажува ликови кои се жени, дел од малцинство, геј или со какви било разлики.rn
10. Војна на ѕвездите: Последниот џедај (Star Wars: The Last Jedi)
rn
rnrnОвој филм е помеѓу најдобрите од Војна на ѕвездите и ја носи франшизата во сосема нова насока. Акцијата е одлична, има многу пресврти во дејството и одбивање да се игра по правилата. Филмот можеби ни ги зголеми очекувањата за тоа како треба да изгледа една акциона фантазија.rn
11. Вондер Вуман (Wonder Woman)
rn
rnrnФилмот е направен за потеклото на Вондер Вуман, и е направен многу добро. Акцијата во филмот исто така придонесе за неговата популарност и позитивни критики. Можеби филмовите на DC не се доволно добри, но со овој дефинитивно се надминаа.rn
12. Излез (Get Out)
rn
rnrnОва модерно ремек-дело покажа дека и „обичните“ филмови можат да ѝ го задржат вниманието на публиката. Приказната може да се интерпретира на 2 начина. Младо момче оди кај родителите на девојката и открива нешто лошо. Или, младо црно момче оди кај родителите на белата девојка и открива нешто лошо. Ова го прави филмот универзален. Филмот е парабола и портрет на хоророт кој трае, односно институционалниот расизам.
