Спонтаните, невини случки се токму оние кои долго се паметат и се врежуваат во нашето срце, особено ако се проследени со љубовни чувства. Таква е и оваа приказна: наивна, чиста, искрена, спонтана, длабока и успева за момент да им го затрепери срцето на гледачите.rnrn
rnrnСодржина: Млада Французинка шета низ англиски град во вечерните часови, обидувајќи се да пронајде некој интересен објект за фотографирање. Шетајќи стигнува до автобуската станица, каде му се обраќа на едно момче за да дознае кога е следниот автобус…rnrnrnrnСценариото и режијата на овој филм ги направил Британецот Лоренс Бурк, а улогите ги толкуваат убавата Лаетитиа Де Лафор и згодниот Џони Прчејз. Со самоуверен перформанс, двајцата млади актери му даваат свежина и различност на филмот, доловувајќи го чудниот момент во младиот, а возрасен живот, кога несигурноста ја ниша човечката самодоверба.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
