Одвреме-навреме секој од нас има потреба да биде добро исплашен и хорорите понекогаш навистина знаат да допрат до нас на тој начин. Почнувајќи од познатиот Фреди Кругер, па сè до класичните приказни за сериски убијци, духови и вонземјани, следува листа од неколку понови филмови кои навистина вреди да ги погледнете. Ви посакуваме да имате многу страв и забава со вашите најблиски за време на овој хорор-маратон. Уживајте!
rn
Кошмар на улицата Елм (A Nightmare on Elm Street) – 2010
rn
Режисер: Семјуел Бајер rnrnАктери: Џеки Ирли Хејли, Руни Мара, Кајл ГарнерrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnНаша оценка: 6rnrnКратка приказна: Овој филм е повторно враќање на познатата хорор-икона Фреди Кругер на големите платна. Станува збор за сериски убиец кој има вградено четири сечила во своите прсти и ги убива жртвите во нивните соништа, што резултира со смрт и во реалноста.rn
rnrn
Пушти ме внатре (Let Me In) – 2010
rn
Режисер: Мет Ривс rnrnАктери: Коди Смит-Мекфи, Клои Грејс Моретс, Ричард ЏенкинсrnrnВреметраење: 116 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка приказна: Младо момче кое секојдневно го малтретираат во училиште се спријателува со новата сосетка, која се појавува само навечер на игралиштето пред нивната зграда. Но, тој не знае дека таа е млада вампирка која живее во тајност со својот старател.rn
rnrn
Будење (The Awakening) – 2011
rn rnrn
Режисер: Ник МарфиrnrnАктери: Ребека Хол, Доминик Вест, Имелда СтаунтонrnrnВреметраење: 107 минутиrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка приказна: Во 1921 година во Англија владее огромна тага за сите загуби во Првата светска војна. Арогантната и скептична Флоренс Кеткарт (Ребека Хол) ѝ помага на полицијата при разоткривање на измамите. Но, посетата на едно училиште целосно ќе ја промени нејзината скептичност на оваа тема…rn
rnrn
Суштеството (The Thing) – 2011
rn
Режисер: Матхис ван ХеинингенrnrnАктери: Мери Елизабет Винстед, Џоел Едгертон, Улрик ТомсенrnrnВреметраење: 103 минутиrnrnНаша оценка: 6rnrnКратка приказна: На едно истражувачко место на студениот Антартик, тим од научници ќе пронајдат вонземско летало за кое веруваат дека било таму повеќе од 100.000 години. Недалеку од местото на слетување, тие ќе ги најдат и остатоците од суштеството кое управувало со леталото…rn
rnrn
Последна дестинација 5 (Final Destination 5) – 2011
rn
Режисер: Стивен КуалrnrnАктери: Николас Дагосто, Ема Бел, Арлен ЕскарпитаrnrnВреметраење: 92 минутиrnrnНаша оценка: 6rnrnКратка приказна: Во овој дел од „Final Destination“ група на патници кои се возат во автобус успеваат да го преживеат рушењето на мостот пред нив, поради визијата на Сем Лотон (Николас Дагосто). Но, тие многу брзо ќе сфатат дека не е лесно да ѝ се избега на смртта…rn
rnrn
Колибата во шумата (The Cabin in the Woods) – 2012
rn
Режисер: Дру ГодартrnrnАктери: Кристен Коноли, Крис Хемсворт, Ана ХачисонrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка приказна: Пет пријатели одат на одмор во далечна колиба во шумата, каде што ќе добијат многу повеќе од тоа за кое што се договориле. Заедно, тие мора да ја откријат вистината позади оваа колиба ако сакаат да преживеат…rn
rnrn
Високиот човек (The Tall Man) – 2012
rn
Режисер: Паскал ЛогиерrnrnАктери: Џесика Биел, Џодел Ферланд, Вилијам Б. ДејвисrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка приказна: Кога нејзиното дете ќе исчезне, Џулија Денинг (Џесика Биел) ќе проба да ја разреши мистеријата за „високиот човек“ кој наводно со години киднапира мали деца…rn
rnrn
Опседнатост (The Possession) – 2012
rn
Режисер: Оле БорнедалrnrnАктери: Наташа Калис, Џефри Дин Морган, Кајра СедвигrnrnВреметраење: 92 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка приказна: Младо девојче купува античка кутија без да знае дека во неа живее многу злобен стар дух кој ќе ја опседне. Нејзиниот татко со помош од неговата бивша жена пробува да најде начин како да ја прекине клетвата која е фрлена на нивното дете.rn
rnrn
Дневниците од Чернобил (Chernobyl Diaries) – 2012
rn
Режисер: Бредли ПаркерrnrnАктери: Џеси Мекартни, Џонатан Садовски, Оливија ДадлиrnrnВреметраење: 86 минутиrnrnНаша оценка: 6rnrnКратка приказна: Шест туристи најмуваат водич за екстремни тури кои ќе ги одведе до напуштениот град Припијат, поранешниот дом на работниците од нуклеарниот реактор Чернобил. За време на нивната необична посета, тие многу брзо откриваат дека не сами во градот…rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
